Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Балтичките земји поставуваат мини на границата со Русија и Белорусија

by Уредник
19.11.2025
in Uncategorized
Балтичките земји поставуваат мини на границата со Русија и Белорусија

Естонија, Латвија и Литванија оваа година се повлекоа од глобалната конвенција за забрана на противпешадиски мини, а во последните недели започнаа со завршни подготовки за поставување на таков тип експлозивно оружје на своите граници со Русија и Белорусија. Својата намера да се повлечат од конвенцијата најавија и Полска и Финска, а нивното повлекување ќе стапи во сила на почетокот на следната година.

Конвенцијата за забрана на употреба, складирање, производство и трансфер на противпешадиски мини – позната како Отавска конвенција – е усвоена во 1997 година, а стапи на сила на 1 март 1999 година. Нејзините главни правила се целосна забрана на производството, поседувањето, преносот и употребата на вакви мини, како и обврска за уништување на постојните залихи, спроведување активности за разминирање и поддршка на жртвите.

Во заедничката изјава на министрите за одбрана на трите балтички држави и Полска се нагласува дека „воените закани кон земјите што граничат со Русија и Белорусија значително се зголемиле“.

„Со оваа одлука испраќаме јасна порака – нашите држави се подготвени, можат и мораат да ги употребат сите неопходни мерки за одбрана“, стои во заедничкото соопштение.

Лидерите на овие земји повеќепати посочија дека руската армија за време на инвазијата врз Украина често користела мински полиња и други неконвенционални методи. Владите тврдат дека мините можат да бидат незаменлив елемент на територијалната одбрана, особено во балтичките држави и Полска, каде што стравувањата од изненадна и брза агресија се силно изразени.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека времињата се такви што ниту една држава не смее да си дозволи да се ослабува.

„Сè што може да ја зајакне полската одбрана ќе биде применето. Ќе ги искористиме сите опции“, порача Туск.

Граѓански и хуманитарни организации предупредуваат на катастрофални последици за цивилите и за меѓународното хуманитарно право. Human Rights Watch наведува дека со оваа одлука државите ги изложуваат на опасност и сопствените граѓани, а потегот претставува чекор назад во областа на хуманитарното право. Меѓународниот комитет на Црвениот крст јавно ги повика државите да ги преиспитаат ваквите одлуки, потсетувајќи на нивните хуманитарни обврски.

Војните аналитичари имаат поделени ставови за ефикасноста на мините во современиот контекст, кога сè поголема улога играат дроновите. Едните сметаат дека, во случај на ненадеен копнен напад, минските полиња би можеле да го забават напредувањето на противникот и да овозможат време за мобилизација или НАТО-интервенција. Други предупредуваат на практичните и тактичките ограничувања – во доба на воздушно и беспилотно војување, минските полиња имаат помала способност да спречат сложени комбинирани напади, а нивното поставување бара обемна логистика, обука и долгорочно планирање за разминирање.

За сега нема најава дали уште некоја држава-членка на Европската унија ќе им се приклучи на балтичките земји, Полска и Финска во оваа одлука.

Next Post
Алармантно предупредување: Британија не e подготвена за голем воен напад

Алармантно предупредување: Британија не e подготвена за голем воен напад

Тенкови на границата со Русија за шест часа?

Тенкови на границата со Русија за шест часа?

Препорачани Вести

Тони Коњановски ко-председавач на заедничкиот комитет ЕУ – Македонија во Брисел: Локалните искуства за интеграција и екологија

8 months ago

Во Битола ќе се поставуваат „легнати полицајци“ пред училиштата

12 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.