Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВИДЕО – Прекрасна снимка од Шар Планина: Мечиња забележани на високопланинските пасишта

by
2025/11/19 16:30:40
in Uncategorized

Кафеавата мечка (Ursus arctos) е еден од најзначајните и најредките видови на Шар Планина. Овој сештојад цицач се храни со растенија, плодови, инсекти, но и со помали и поголеми животни, а како строго заштитен вид има клучна улога во одржувањето на природната рамнотежа на планината и пошироко на Балканот.

На видеото што е споделено, планинари на високопланинските пасишта на Шара наидуваат на мечка со два младенчиња, родени во јануари–февруари 2025 година. Мечињата во следните две години ќе учат од мајката како да преживуваат и да се приспособуваат. Во видеото тие се љубопитни, но се оддалечуваат – однесување типично за овој вид.

Мечките во зимскиот период не спијат целосен зимски сон, туку се наоѓаат во длабока состојба на мир. Ако се вознемират или ако времето е потопло од вообичаено, можат да се разбудат и да го напуштат леглото.

Годинава жителите на шарпланинските села почесто пријавувале средби со мечки. Причини за тоа се достапната храна околу дивите депонии, како и вознемирувањето од моторни возила во внатрешноста на планината, што ги тера мечките да се движат поблиску до населените места.

Како да избегнете средба?

– Говорете погласно, правете шум или пејте додека се движите.
– Избегнувајте густи грмушки.
– Не оставајте храна ниту отпад во природата.

Ако видите мечка?

– Застанете и останете смирени.
– Со смирен и јасен говор ставете ѝ до знаење дека сте човек.
– Не трчајте! Тоа може да предизвика реакција на потера.
– Оддалечете се полека, без нагли движења.
– Исправете се, кренете ги рацете и обидете се да изгледате поголеми.
– Користете спреј за мечки само ако се приближува премногу.

Ако видите младенче?

Секогаш има мајка во близина – повлечете се полека и тивко.

Ако мечката се исправи?

Тоа не е знак за напад – само се обидува подобро да ве види или намириса.

Во случај на напад

Легнете на земја, покријте го вратот со рацете и останете неподвижни додека мечката не се оддалечи.

Корисна опрема

– Спреј за мечки (ефективен до околу 8 метри)
– Ѕвонче за мечки како предупредување

Видеото е важен потсетник дека кафеавата мечка е редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Нејзиниот опстанок зависи од нашиот однос – да ја почитуваме, да ѝ оставаме простор и да придонесуваме за сигурноста на природата и на луѓето.

Шар Планина е дом што треба заеднички да го чуваме.

Видеото може да го погледнете тука

Next Post

Меџити: Нови клупи и столчиња за училишта во Чаир, инвестиција во иднината на децата

Сеќавање на поплавата во Тетово од 1979 година

Препорачани Вести

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго

8 months ago

И ГРАДЕЖНИЦИТЕ СТАНУВААТ ЗАВИСНИ ОД ГЕРМАНИЈА Вредноста на завршените работи таму е намалена за 17,8%

11 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.