Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МАКЕДОНИЈА: Реките се излеваат, куќи под вода – ЦУК со драматично предупредување!

by Уредник
21.11.2025
in Uncategorized
МАКЕДОНИЈА: Реките се излеваат, куќи под вода – ЦУК со драматично предупредување!

Центарот за управување со кризи објави итно соопштение за сериозната состојба со водостоите ширум земјата, каде поради обилните врнежи во последните 24 часа се регистрирани излевања на реки, поплавени домови и повеќе одрони на патиштата.

Во Битолскиот регион, реката Шемница се излеа кај селото Лера, поплавувајќи куќа и штали, а патот Новаци – Брод–Гнеотино е целосно прекинат поради надојдена вода од Црна Река.
Во Преспанскиот регион, реки се излеаа во Царев Двор и Дрмени, каде има поплавени домови, а постои и опасност од излевање на Голема Река.
Во Струмичкиот регион, нема пријавени штети, но има одрони на патот Струмица–Валандово.
Во Скопскиот регион, водостоите се зголемени, но засега нема излевања.
Во Велешко, има одрони и паднато дрво на два патни правци, а Вардар е на многу високо ниво со ризик да се излее кај автобуската станица.
Во Штипско, ситуацијата е стабилна.
Во Охридскиот регион, водостоите нагло се зголемени, има излевања на повеќе места и опасност од поплавување домови. Екипите интервенираат во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
Во Кумановско, нема излевања, а се расчистуваат наслаги кај Коинце.
Во Кратово, водостоите се високи, но без штети, а одронот на патот Страцин–Пробиштип е исчистен.
Во Тетово, водостоите растат, но нема поплави.

Од УХМР најавуваат променливо облачно време со локално обилни врнежи, грмежи и силен јужен ветер што може да достигне над 60 km/h. Температурите ќе се движат од 13 до 19 степени, а во Скопје до 17.
Најмногу дожд досега паднал во Претор (66 литри), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26). Особено е загрижувачки висок водостојот на реката Сатеска.

ЦУК информира дека сите институции се известени и веќе преземаат мерки за заштита на населението и инфраструктурата. Граѓаните се повикуваат да избегнуваат движење покрај реки, мостови и поплавени делови и секоја опасност да ја пријават на бројот 112.

Next Post
Шведски генерал алармира: „Русија е подготвена да го тестира Членот 5 – Европа да се спреми за најлошото!“

Шведски генерал алармира: „Русија е подготвена да го тестира Членот 5 – Европа да се спреми за најлошото!“

Полицијата во изминатите четири дена уапсила седум лица и напишала 2415 казни – еве за што најмногу се казнувало

Полицијата во изминатите четири дена уапсила седум лица и напишала 2415 казни - еве за што најмногу се казнувало

Препорачани Вести

Полицијата запре автомобил, двајца лишени од слобода – Ова се причините

3 months ago
Американците бараат помош од Европа

Американците бараат помош од Европа

11 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.