Connect with us

Свет

Објавен мировниот план на Трамп за Украина: Ова се сите 28 точки – еве што значи ова за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп предлага мировен план од 28 точки за завршување на војната во Украина. Планот содржи одредби за статусот на Украина, територијалните прашања, безбедноста, економијата и улогата на Русија во светот.

Клучни точки од планот:

– Се потврдува суверенитетот на Украина, но земјата ќе мора уставно да се откаже од членство во НАТО и да го задржи неутралниот статус.
– Ќе биде ограничен бројот на украинските вооружени сили на 600.000 војници.
– Крим, Донецк и Луганск де факто ќе бидат признати како руски територии, додека Херсон и Запорожје ќе добијат „замрзнат статус“ по должината на линијата на контакт.
– Ќе се создаде демилитаризирана тампон-зона под руски надзор.
– НАТО нема да може да распоредува трупи во Украина, а европските борбени авиони ќе останат стационирани само во Полска.
– Ќе се формира американско-руска работна група за безбедност и следење на спроведувањето на договорот.
– Ќе се користат 100 милијарди долари од замрзнатите руски средства за обнова на Украина, а Европа ќе додаде уште 100 милијарди. Половина од профитот од тие фондови ќе оди кај САД.
– Постепено ќе се укинат санкциите кон Русија, а Москва ќе биде поканета да се врати во Г8.
– Запорожката нуклеарна централа ќе работи под надзор на МААЕ, со поделба на енергијата 50:50 меѓу Украина и Русија.
– Предвидена е размена на сите заробеници, враќање на депортираните цивили и деца и програми за помирување.
– Украина ќе одржи избори 100 дена по потпишувањето на мировниот договор и ќе биде прогласена амнестија за сите учесници во конфликтот.
– Прекинот на огнот стапува на сила веднаш по потпишувањето.

Овие точки го оформуваат најамбициозниот предлог на Трамп за ставање крај на војната, со силно влијание на САД во надзорот и имплементацијата на мировниот процес.

Advertisement

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading

Свет

Огромен пожар под авион во – 169 патници во панично бегство по тобоганите!

На меѓународниот аеродром во Сао Пауло, најголемиот во Бразил, избувна пожар кој предизвика драматична евакуација на 169 патници од авион на Latam Airlines, соопшти авиокомпанијата. Инцидентот се случил во четврток навечер, непосредно пред летот кон Порто Алегре.

Пожарот зафатил надворешна опрема на пистата во моментот кога авионот се подготвувал за полетување. Поради густиот чад, активирани биле сите безбедносни протоколи, а патниците излегле преку приклучните мостови и по тобоганите за итни случаи.

Од Latam уверуваат дека нема повредени и дека ситуацијата била брзо ставена под контрола. Снимките на социјалните мрежи покажуваат пламен непосредно под авионот и патници кои се спуштаат по тобоганите во ноќната темница.

Според авиокомпанијата, 159 патници биле успешно префрлени и стигнале во Порто Алегре следното утро, додека 10 биле пренасочени на други летови или превезени по земја.

Аеродромскиот оператор GRU Airport објави дека заради инцидентот, полнењето гориво на другите авиони било стопирано на 10 минути.

Latam посочи дека пожарот започнал од опрема на подизведувач задолжен за товарење на авионот Airbus A320, а истрагата за причините продолжува.

Continue Reading

Свет

Германија даде зелено светло за делумна воена обврска, младите масовно протестираат

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој повторно се воведува делумна воена обврска, мерка што властите ја оправдуваат со растечките безбедносни ризици и недостигот од активен воен кадар.

Министерот за одбрана Борис Писториус изјави пред гласањето дека „демократските слободи не се бранат сами од себе“ и дека потребни се луѓе кои се подготвени да ги штитат. Новиот модел предвидува воената служба да остане доброволна, но ако бројот на регрути не е доволен, Бундестагот може привремено да активира задолжителна краткорочна служба.

Законот воведува и задолжително пополнување прашалник за подготвеност за служба за сите кои наполниле 18 години, но оваа обврска се однесува само на младите мажи.

Германија е должна според НАТО-стандардите да обезбеди 260.000 активни војници, а моменталниот број во Бундесверот е околу 185.000. Доброволната служба би траела шест месеци, со месечен надомест од околу 2.600 евра.

Паралелно со дебатата во Бундестагот, низ многу германски градови се одржаа протести, предводени главно од средношколци. Под слоганот „Не сакаме да бидеме топовско месо“, демонстрантите изразија жестоко противење на враќањето на воената обврска.

Германија ја укина задолжителната служба во 2011 година поради уставни ограничувања, бидејќи државата не можеше да гарантира еднакви услови за сите регрути во генерацијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг