Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полска најавува остри мерки против Русија по серија саботажи

by Уредник
21.11.2025
in Uncategorized
Полска најавува остри мерки против Русија по серија саботажи

Полска ја обвини Русија за „државен тероризам“ по серијата саботажи на стратешки железнички правци. Шефот на дипломатијата Радослав Сикорски изјави дека Русија испратила професионални саботери со намера да предизвика човечки жртви, а премиерот Доналд Туск го нарече инцидентот „најсериозен од почетокот на војната во Украина“.

По откриените оштетувања на пругите кај Варшава–Лублин, воведен е вториот највисок степен на тревога – нивото „Чарли“, со 24-часовно обезбедување и строги мерки кои ќе траат до крајот на февруари.

Осомничени се двајца украински државјани кои, според истрагата, работеле за руската разузнавачка служба и по нападот избегале во Белорусија. Истрагата покажала дека биле подметнати експлозиви и уреди за уривање на возови, но без поголеми последици.

Полска веќе подолго време е мета на саботажи од почетокот на руската инвазија на Украина, а досега се уапсени десетици лица за шпионажа и потпалувања. Туск предупреди и на силна руска дезинформациска кампања со цел создавање хаос и поттикнување антиукраинско расположение.

Полска ќе бара екстрадиција од Белорусија, ќе го затвори рускиот конзулат во Гдањск и ќе воведе ограничувања за движењето на руските дипломати. Москва ги негира обвиненијата и ги нарече „русофобични“.

Next Post
Во Бугарија и уште четири европски земји се запленети антиквитети вредни 100 милиони евра

Во Бугарија и уште четири европски земји се запленети антиквитети вредни 100 милиони евра

Детална временска прогноза: Еве какво зима ја очекува Македонија – подгответе се за многу снег!

Детална временска прогноза: Еве какво зима ја очекува Македонија - подгответе се за многу снег!

Препорачани Вести

Трет мобилен оператор во Македонија: Процедурата за лиценца веќе започна – потребата за поголема конкуренција е непоходна, вели Николоски

9 months ago

Четири клучни алатки за заштита на сметките на Binance

3 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.