Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трамп ја притиска Украина: Ако не прифати – следува прекин на оружјето и разузнавачката поддршка

by Уредник
22.11.2025
in Uncategorized
Трамп ја притиска Украина: Ако не прифати – следува прекин на оружјето и разузнавачката поддршка

САД сериозно размислуваат да ја ограничат или целосно да ја прекинат клучната разузнавачка и воена поддршка за Украина доколку Киев го одбие мировниот план на претседателот Доналд Трамп, објави „Волстрит журнал“. Според изданието, Трамп ѝ дал на Украина рок од една недела да соопшти дали го прифаќа американскиот предлог, што во Киев и кај западните сојузници е сфатено како најсилен сигнал досега дека соработката би можела драматично да се влоши.

Анализата наведува дека и Украина и партнерите на Запад стравуваат дека, доколку планот биде одбиен, разузнавачките канали и испораките на оружје може да бидат стопирани. Американскиот претседател претходно порача дека Володимир Зеленски мора да го прифати предлогот како основа за политички договор со Москва.

На 20 ноември, украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко го објави документот од 28 точки што ја дефинира рамката на мировниот план. Иако официјални извори во Киев за „Фајненшл тајмс“ признаваат дека предлогот во сегашната форма е неприфатлив, очекувањата во Вашингтон се дека Зеленски ќе ги стави потписите до 27 ноември.

Планот предвидува Украина да се откаже од стремежот кон членство во НАТО, да се одредат нови граници, да се формира тампон-зона, да се ограничат капацитетите на украинската армија и да се користат замрзнатите руски средства за идни договори.

Зеленски неодамна предупреди дека постои реална опасност од засилен меѓународен притисок во претстојните мировни преговори и порача дека Киев нема да прифати решение што би ги поткопало националните интереси на Украина.

Next Post
Белата куќа: Мировниот план на Трамп е добар и за Украина и за Русија

Белата куќа: Мировниот план на Трамп е добар и за Украина и за Русија

Најблиската соработничка на Трамп поднесе оставка, тој тврди: “Ова е одлична вест за нашата земја”

Најблиската соработничка на Трамп поднесе оставка, тој тврди: "Ова е одлична вест за нашата земја"

Препорачани Вести

КОЊАНОВСКИ: ДЕПОНИЈАТА НЕ Е СРЕДЕ ПЕЛАГОНИЈА, ТУКУ ВО ОКНО КАДЕ НИШТО НЕМОЖЕ ДА ЕГЗИСТИРА

8 months ago

Герасимовски: Младите вандали ќе фарбаат клупи, менуваат лулашки и ќе купуваат опрема

12 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.