Connect with us

Балкан

Ѓурѓај во Горица: Македонското друштво “Илинден“-Тирана на 28-от семинар на АГСМ при ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на 28 -ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН) се одржи од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија.

Настанот беше организиран од ФУЕН во соработка со локалните организации на словенечките малцинства „Свет Словенских Организација“ (SSO), „Словенска културно-господарска ѕвезда“ (SKGZ) и „Словенска Скупност“ (SSk), собирајќи претставници на словенските малцинства од цела Европа.

Покрај другите, во работа на семинарот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. На овој семинар од страна на претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај беше презентиран “Положбата на Македонците во Република Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и проблемите што ги застегат Македонците во Република Албанија.

Главната компонента на семинарот работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) и оваа година беше извештаите за моменталната состојба на словенските малцинства во Европа и нивната дискусија, размената за минатите и идните активности на работната група ја изгласа и нов Претседател на  работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер.

Овогодинешниот семинар се фокусира на состојбата на словенското малцинство во Италија и улогата на прекуграничната соработка во зајакнувањето на правата на малцинствата. Централните теми вклучуваат образование, медиуми, економски развој и видливоста на малцинствата во јавната сфера. Новиот бренд SLOvita на словенечкото малцинство, како и заедничкиот проект „Европска престолнина на културата GO!2025“ во Горица и Нова Горица, ќе послужат како примери за тоа како културните иницијативи можат да ги поддржат малцинските заедници од двете страни на границата.

На семинарот учестуват водечки политички и институционални претставници од Италија и Словенија, меѓу кои и градоначалниците на Горица, Италија и Нова Горица, Словенија, Родолфо Зиберна и Само Турел, Весна Хумар, државен секретар за односи меѓу Словенија и автохтоната словенечка национална заедница во соседните земји, сенаторката Татјана Ројц од италијанскиот парламент и Мија Лорбек, директорка на GO!2025. Нивните придонеси ја истакнат важноста на локалната, регионалната и националната поддршка за политиките за малцинствата.

Програмата, исто така, вклучи тематски придонеси за тоа како меѓународните настани како што се GO!2025 и EUROPEADA 2028 придонесуваат за културната разновидност и го зајакнуваат присуството на малцинските заедници во европскиот јавен живот. Претставници на двете иницијативи, вклучувајќи ја Неда Русјан Бриќ, уметнички директор на GO!2025, и членовите на тимот на EUROPEADA 2028, ќе споделат сознанија за прекуграничната културна соработка.

Покрај дискусиите на семинарот, учесниците се вклучат во локални институции, организации и културни актери на словенечката заедница во регионот, стекнувајќи подлабоко разбирање на нивните секојдневни реалности. Културните активности, вклучувајќи го и традиционалниот концерт „Чецилијанка 2025“ на словенечки хорови.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 28 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Advertisement

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Балкан

Турција апси професионални фудбалери и клубски шефови – Ова се причините

Турските власти издадоа наредба за апсење на 46 лица, меѓу кои 29 професионални фудбалери, во рамки на обемна истрага за местење резултати, соопшти канцеларијата на Главниот обвинител во Истанбул.

Според обвинителството, 27 од играчите се осомничени дека се обложувале на натпреварите во кои настапувале нивните тимови. Меѓу нив е и Метехан Балтаџи од актуелниот турски шампион Галатасарај, додека идентитетот на останатите 26 фудбалери не е откриен. Играње преку трето лице се припишува и на Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче.

Дополнително, обвинителството нареди апсење на претседателите на два клуба кои, според сомнежите, се обиделе да влијаат на исходот на натпревар меѓу своите тимови во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата, која започна на почетокот на ноември, веќе доведе до апсење на шест фудбалски судии и на претседателот на прволигашот Ејупспор. Турската фудбалска федерација (ТФФ) најави дека продолжува со „чистење“ на турскиот фудбал, а претходно суспендираше околу 150 судии поради учество во обложување на натпревари.

Во ноември, дополнително, 25 прволигаши и речиси 1.000 играчи од втората до четвртата лига добија суспензија до 12 месеци, како дел од мерките за искоренување на нелегалните активности во турскиот фудбал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг