Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Исчезнат маж од Тетово откриен мртов во автомобил – МВР со детали за настанот

by Уредник
24.11.2025
in Uncategorized

Тетовската полиција денеска попладне пронајде мртво машко лице во паркирано возило „Ауди Q5“ со тетовски регистерски таблички, во атарот на селото Нераште, соопшти МВР.

Според информациите, неговата сопруга Б.Б. (33) од Тетово околу 02:00 часот пријавила дека нејзиниот сопруг А.Б. (42) се оддалечил од домот во 18:00 часот со патничко возило „Ауди“ и не одговарал на телефонските повици.

Полицијата веднаш постапила по пријавата, а денеска околу 16:15 часот полициски службеници од ПО Теарце го забележале возилото во нива кај Нераште. Внатре било пронајдено машко лице кое не давало знаци на живот, со видлив отвор од проектил на возачкото стакло и прострелна рана во пределот на главата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а првичните сомнежи се дека лицето било застрелано со огнено оружје.

На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, кои потврдиле дека станува збор за А.Б. од Тетово. Истражните мерки продолжуваат.

Next Post
Мицкоски: Ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции

Стразбур ја разоткри нестручноста на дел од судиите

Туск: Нема место за преголем оптимизам во мировните преговори за Украина

Препорачани Вести

Ќерката на газдата на ,,Дискотеката на смртта” ја подигнала лажната лиценца, уапсена е и сопругата

10 months ago

„ГРАДСКИОТ ВОЗ“ ЌЕ ТРГНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА Прво ќе се поврзат Зелениково, Драчево, Аеродром и Кисела Вода

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.