Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Турскиот генерал Ердоѓан Ознал со факти за Македонија и Македонците

by
2025/11/24 15:50:17
in Uncategorized

Ова капитално дело за првпат е објавено во Анкара, во 1993 година, кога силно ја разбранува и грчката јавност, а „Матица македонска“ го објавува во превод на македонски јазик. Македонија не е Грција и гледано низ историјата, никогаш не била грчка. Македонскиот народ, историски и етнички, никогаш не бил грчки – тој е посебен, вековен народ. Секој народ, сам си го избира своето име. Македонскиот јазик е единствен. Грција го лаже Балканот. Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат. Ова се само дел од пораките испратени со насловите на поглавјата на оваа книга мала по обем, но голема според опфатот на нејзината содржина, напишана со користење документи и податоци од архивите на Отоманската империја, вклучително и од Турскиот воен архив.

Како што е наведено во соопштението од „Матица македонска“ , во 1993 година, Ердоѓан Ознал како раководител на Националното воено здружение на Турција учествуваше на симпозиум за Балканските војни во Грција. На брошури, книги и на транспаренти по ридовите на Атина, секаде читал иста реченица: „Македонија е Грција“. „Грците без престан повторуваа дека Македонија отсекогаш била грчка, дека нема македонски народ итн…“ – сведочи самиот Ознан. Иритиран, побарал збор на симпозиумот и пред 150 присутни рекол: „Македонија не е Грција“, по што настанал молк, без спротивставување од кој и да е друг учесник. Веднаш по враќањето во Турција ја пишува оваа книга којашто говори со јазикот на фактите и ја отсликува Македонија низ вековите во нејзината вистинска светлина. Всушност, „Македонија не е Грција“ е најуверлива негација на грчките небулози, пројавувани во подолг временски период и, особено, по осамостојувањето на Македонија.

– Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот. Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853. до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сѐ до почетокот на XIX век, македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебна пресија за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква, што говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ, напоменал Ознал.

Во книгата се презентирани дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеаат во Македонија и колкав е бројот на жителите пооделно за секој од нив. Меѓу другото, турскиот генерал, низ податоци од Турскиот воен архив ја покажува жестоката асимилаторска политика на Грција кон Македонците.

-На пописот во 1904 година ги имаше 896.494, во 1913 година – 329.371, а на пописите во 1926 и 1940 година веднаш ги снема. Каде отиде македонскиот народ, што стана со него?“, прашува во книгата.

Притоа, Ознал пишува и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го смета за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејска Македонија, под Грција. Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејска Македонија, присилно протерани во Бугарија. Ги издвојува и податоците за протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар 10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесри 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигри 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итн.

Ознал се осврнува и на проблемите актуелни по осамостојувањето на Македонија, поврзувајќи ги со историскиот контекст и претходниот однос на Грција кон Македонците, Македонија и македонското прашање.

– Во весникот „Напредок“ што излегува во Солун, а се печати на француски јазик, во бројот што излезе на 26 октомври 1926 година, се констатира дека егејскиот дел на Македонија целосно се погрчил. Во големата енциклопедија на Грција, на страница 410 се вели: „Со вселувањето на Грците што се иселија од Турција во егејскиот дел на Македонија извршивме еден голем патриотски долг’, има забележано Ознал во книгата, за потоа да напомене и дека во 1990 година, службите за човекови права во САД јавно проговорија дека Македонците како што ги има во Република Македонија, во Бугарија и во Албанија, ги има и во Грција. Според него, иако Грција беше бесна, оваа констатација за постоењето на Македонци во оваа земја беше од голема полза светот да ја дознае вистината. Ако не постоеше овој народ и оваа нација, зошто Караманлис во 1992 леејќи крокодилски солзи на аеродромот во Солун рече дека Киро Глигоров ќе се кае за она што го вели и што го прави, прашува турскиот генерал во книгата.

„Македонија не е Грција“, како ретко која друга публикација има предизвикано реакции во Грција, со бројни написи во медиумите, со реакција, вклчително и за тоа што иако ставовите во книгата не се на официјална Турција, книгата е печатена во печатницата на турскиот Генералштаб и со тоа добива полуофицијален карактер.

Инаку, Ердоѓан Ознал има македонски корени – неговиот татко е роден во Дојран, а за време на Балканските војни со родителите бега за Турција. Генерал Ознал, во 2017 година, за првпат ја посети Македонија и ги обликоли местата за кои како дете слушал од татко му.

Во текот на месецов, меѓу другото, во „Матица македонска“ се одвива акција во која сите книги што се однесуваат на македонскиот национален идентитет се достапни по половина цена. До крајот на август, книгоиздавателството ќе објави и неколку нови изданија што се однесуваат на важни прашања за Македонија, за нејзината историја и за нејзината сегашност. „Македонија не е Грција“ е една од тие книги.

Next Post
X со нова функција за транспарентност на корисничките профили

X со нова функција за транспарентност на корисничките профили

Прилепскиот мермер – белото богатство што ги краси Белата куќа и светските палати

Препорачани Вести

Премиерот Мицкоски со одлични вести за противпожарната заштита: Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари!

Премиерот Мицкоски со одлични вести за противпожарната заштита: Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари!

6 months ago

Проданоски: Заедно со стопанствениците градиме економски посилен Прилеп

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.