Connect with us

Балкан

Загребскиот „Вјесник“ ќе падне во пресметан агол: експлозивите се само дел од процесот

Облакодерот „Вјесник“ во Загреб, кој минатиот понеделник сериозно беше оштетен во голем пожар, ќе биде урнат поради загрозена конструкција, потврди министерот за градежништво на Хрватска, Бранко Бачиќ. Тој истакна дека арматурата е ослабена, а столбовите деформирани, што ја прави зградата небезбедна.

Марио Урош од Центарот за потресно инженерство предупреди дека постои реална опасност од самоиницијално уривање, особено при силен ветер или нов потрес. „Пожарот предизвика пукнатини и отпаѓање на делови. Секое одложување го зголемува ризикот“, истакна Урош.

Државниот секретар Тончи Главиниќ откри дека се разгледуваат две техники за уривање: механичко отстранување или контролирана имплозија. Најверојатно ќе се примени методата на ротација, со која зградата ќе се „положи“ во насока кон Савска улица, каде што има отворен простор и најмалку ризик за околните објекти.

Методата на ротација подразбира асиметрично активирање на експлозиви – од една страна повеќе, од друга помалку, со што зградата се превртува кон избраниот правец. Професорот Марио Добриловиќ од Рударско-геолошко-нафтениот факултет објасни дека се користат десетици килограми експлозив за постепен и контролирани пад, а не за спектакуларна експлозија како во филмовите.

Добриловиќ веќе има искуство со вакви операции, учествувајќи во уривањето на димњаците на Чрномерец и отстранувањето на оштетениот врв на Загрепската катедрала по земјотресот во 2021 година. Тој предупреди дека подготовките ќе траат со недели, од детални статички анализи до изработка на проект за јавна набавка, додека самото минирање ќе трае само неколку секунди.

„Секое место е специфично, а ‘Вјесник’ е особено сложен поради армирано-бетонската конструкција и густото урбано опкружување“, додаде професорот.

Advertisement

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Балкан

Турција апси професионални фудбалери и клубски шефови – Ова се причините

Турските власти издадоа наредба за апсење на 46 лица, меѓу кои 29 професионални фудбалери, во рамки на обемна истрага за местење резултати, соопшти канцеларијата на Главниот обвинител во Истанбул.

Според обвинителството, 27 од играчите се осомничени дека се обложувале на натпреварите во кои настапувале нивните тимови. Меѓу нив е и Метехан Балтаџи од актуелниот турски шампион Галатасарај, додека идентитетот на останатите 26 фудбалери не е откриен. Играње преку трето лице се припишува и на Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче.

Дополнително, обвинителството нареди апсење на претседателите на два клуба кои, според сомнежите, се обиделе да влијаат на исходот на натпревар меѓу своите тимови во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата, која започна на почетокот на ноември, веќе доведе до апсење на шест фудбалски судии и на претседателот на прволигашот Ејупспор. Турската фудбалска федерација (ТФФ) најави дека продолжува со „чистење“ на турскиот фудбал, а претходно суспендираше околу 150 судии поради учество во обложување на натпревари.

Во ноември, дополнително, 25 прволигаши и речиси 1.000 играчи од втората до четвртата лига добија суспензија до 12 месеци, како дел од мерките за искоренување на нелегалните активности во турскиот фудбал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг