Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Binance лансира демо платформа за тргување за корисниците во Македонија 

by Уредник
26.11.2025
in Uncategorized

Binance, најголемата крипто берза во светот според обем на тргување и број на корисници, ја лансира својата платформа за демо тргување за корисниците во Македонија и на целиот Балкан. Новата функционалност нуди безбедна и неризична средина во која почетниците и поискусните трговци на криптовалути можат да вежбаат тргување со спот (Spot) и фјучерси (Futures) со виртуелни средства, без да изложат на ризик вистински пари.

Платформата симулира реални пазарни услови, вклучувајќи движење на цените во живо и податоци од листата на активни налози за купување и продавање, овозможувајќи им на корисниците практично да учат за трговски стратегии, пазарна динамика и управување со портфолио. Демо тргувањето ги поддржува и спот пазарите (Spot markets) и USDⓈ-M и COIN-M фјучерси (Futures), сето тоа преку интуитивен интерфејс кој целосно го одразува изгледот и функционалноста на Binance платформата за реално тргување.

Корисниците можат да анализираат графици, да поставуваат симулирани налози за тргување и да ги следат своите виртуелни салда преку познатите секции пазари (Markets), тргување (Trade) и средства(Assets). Дизајнот им помага на новите корисници да стекнат самодоверба, а на поискусните да тестираат стратегии во контролирана средина.

Да се започне со демо тргување е едноставно: доволно е корисникот да се најави со својот Binance профил и да ја избере опцијата „Започни демо тргување“(Start Demo Trading), или да креира нов профил за неколку минути. Преминувањето назад на реално тргување е лесно преку копчето „Назад во живо“ (Back to Live). Демо тргување е достапен и на веб-верзијата и во мобилната апликација на Binance, што овозможува учење било каде, било кога.

Според Сандро Слукан, регионален раководител за маркетинг на Binance за балканскиот регион, интересот за крипто во регионот расте, но многу почетници се соочуваат со предизвици поради комплексноста и волатилноста на пазарот. Демо тргувањето е создадено за да го намали тој јаз, нудејќи едукативна алатка без ризик што им помага на корисниците да стекнат практично искуство пред да преминат на реални пазари.

Оваа функција не бара верификација на идентитет или отворање на фјучерси сметка (Futures account), а виртуелните средства можат да се ресетираат во секое време. Сепак, одредени напредни функции од реалното тргување можеби нема да бидат достапни.

Binance нагласува дека резултатите во демо тргување не го одразуваат во целост реалното тргување, бидејќи емоциите и пазарните услови постојано се менуваат и имаат значително влијание врз резултатите.

Next Post

Археолошко откритие во Абу Даби ја менува сликата за историјата на христијанството на Исток

Дали занаете кога е изграден еден од најубавите православни храмови, црквата Свети Кирил и Методиј во Тетово?

Препорачани Вести

Исчезна 16-годишно момче од Скопје – полицијата трага по него

Претепале маж и му одзеле над 170.000 денари

7 months ago
Трагедија ја потресе Македонија: Загина 20 годишен мотоциклист

Тешко повреден мотоциклист во судир со паркирано возило

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.