Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за четврток – 27 ноември: Еден знак го очекува одличен ден – богатство, соработки и нова љубов!

ОВЕН
Не потпирајте се премногу на зборови што не сте ги провериле, ниту на ветувања од други луѓе. Преголемото приспособување кон околината денес може да ви донесе разочарување. Можно е дете или помлад член на семејството да ве загрижи со неочекуван избор или одлука. Ново пријателство што ќе се појави во овој период ќе носи мала, но значајна доза на недоискреност.

БИК
Личност од минатото повторно ќе влезе во вашиот живот и овојпат ќе влијае позитивно. Ако станува збор за љубов, ќе сфатите дека претходно времето едноставно не било на ваша страна. Денот е поволен за нови партнерства и соработки кои ќе ви донесат сила, поддршка и чувство на напредок.

БЛИЗНАЦИ
Вдишете длабоко и подарете си малку време. Ништо драматично нема да се промени ако се повлечете од секојдневниот хаос и направите кратка пауза. Соочете се и со приватните обврски – кога ќе ги расчистите малите проблеми и нерешени ситуации, ќе отворите простор за нов, подобар правец.

РАК
Овој ден е идеален за активности што ве исполнуваат – дружење со креативни луѓе или време поминато со деца. Ако изнесете поинакво мислење на работа, ќе добиете повеќе поддршка отколку што очекувате. Вечерните часови поминете ги со личност која ви буди симпатии – исходот ќе ве изненади пријатно.

ЛАВ
Токму кога ќе помислите дека сè е под контрола, ќе се појави нов предизвик. За да го извлечете максимумот, ќе биде потребно брзо прилагодување и уште побрзо носење одлуки. Во приватниот живот можно е недоразбирање со членови од семејството кои ретко ги гледате – затоа не форсирајте разговори што не течат природно.

ДЕВИЦА
Денес вреди да ризикувате – тоа ќе ве доведе до победа. Ќе ги читате туѓите намера подобро од вообичаено и ќе ги предвидувате идните потези, што ќе ви даде предност пред конкуренцијата. Искрените разговори ќе ви помогнат да ја надминете состојбата што ве оптоварува и да преземете конкретни чекори кон решението.

ВАГА
Нема простор за неодлучни, уморни или недоволно мотивирани луѓе околу вас. Денес ќе треба да гледате, одлучувате и делувате без долго анализирање. Промените поврзани со кариерата ќе се покажат многу подобри отколку што очекувате. Ако веќе не вежбате, размислете да почнете – телото ќе ви се заблагодари.

ШКОРПИЈА
Дозволете малку возбуда да влезе во вашиот деловен или приватен живот. Средбата со личност која може да ја смени вашата иднина ќе биде позитивна, затоа не одложувајте од страв. Денот е одличен за преговори и размена на идеи. Бидете подготвени за компромис, но не отстапувајте повеќе од потребното.

СТРЕЛЕЦ
Не обрнувајте премногу внимание на постапките на околината, туку на тоа што некои луѓе прават зад ваша грб. Доверете си повеќе и држете ги емоциите под контрола. Колку побрзо ги организирате обврските и се свртите кон зајакнување на самодовербата, толку полесно ќе ги надминете денешните предизвици.

ЈАРЕЦ
Денот е идеален за работа околу договори, инвестиции, здравје, финансии и сите обврски што може да ви го променат животот на подобро. Ако ве очекува интервју или апликација за проект, резултатите ќе бидат позитивни. Финансиски вести исто така се наклонети во ваша полза.

ВОДОЛИЈА
Не се потпирајте на ветувања стари со месеци – денес сами ќе треба да ја завршите најголемата работа. Самостојноста ќе ви донесе најдобри резултати и ќе ви заштеди непотребни пречки. Не дозволувајте некој да ве насочи кон пат што не е ваш – заземете поодлучен и построг став.

РИБИ
Иако некои мислат дека сте пребрзи и импулсивни, денес токму тоа ќе ги привлече оние што ве следат и ги ценат вашите потези. Финансискиот дел од денот е исклучително поволен. Ако некој ви предложи деловно партнерство, прифатете го – само избегнувајте сомнителни шпекулации.

Advertisement

Магазин

Најскапиот град на светот: Зошто богатството не значи среќа за жителите

seul

Општо е познато дека животот во големите градови е поскап, особено кога станува збор за кирија и домување. Но, понекогаш дури и самото излегување од дома може сериозно да ја погодне домашната каса

Редакцијата на „Тајм аут“ секоја година анктира десетици илјади жители низ целиот свет за да ја состави својата листа на најдобрите градови за живот. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и културните настани се важни, пристапноста – односно колку едноставно и евтино граѓаните можат да уживаат во секојдневните забави — е клучен фактор.

Во истражувањето, жителите на повеќе од 100 градови ги оценувале трошоците за одење во ресторани, кино, кафулиња, галерии и музеи, театар или стендап, концерти, барови и вечерни излегувања. Податоците покажаа кои градови навистина ги „трошат џебовите“ на своите жители и кои градови нудат забава што не ја празни сметката.

На врвот на листата на најскапи градови за излегување се најде Сеул. Само 30% од жителите сметаат дека оброк во ресторан е достапен, а само 21% сметаат дека вечерното излегување не ги оптоварува финансиските можности. Пијалакот во бар, пак, е евтин само за 27% од жителите.

Не е изненадување што Осло се појавува меѓу најскапите градови – главниот град на Норвешка традиционално важи за скап, особено кога станува збор за ресторани. Според анкетата, само 24% од Ословците сметаат дека оброкот во ресторан е финансиски прифатлив.

На листата се најдоа и Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои повторно се поклопуваат со извештајот на „Хенли енд партнерс“ за најскапи градови во светот. Лондон е прогласен за најскап град за ноќно излегување – само 16% од луѓето сметаат дека тоа е пристапно. Меѓутоа, британската престолнина го заслужува признанието за култура: 83% од лондончаните оцениле дека уметноста и културните настани во нивниот град се евтини или бесплатни.

На спротивната страна се наоѓаат Меделин и Богота во Колумбија, градови каде што локалното население ги смета излегувањата за многу пристапни. Во Меделин, 89% од жителите сметаат дека одењето во ресторан е евтино, 83% велат истото за пијалак во бар, а 94% дека кафето е достапно.

Изненадување за многумина е присуството на два големи кинески градови на листата на поволни дестинации. Пекинг и Шангај се истакнуваат по тоа што одењето во театар не е голем трошок – тоа го потврдуваат 73% од Пекинжани и 72% од Шангајци.

Единствениот американски претставник меѓу поволните градови е Њу Орлеанс, кој добива високи оценки за концерти во живо и пијалаци во барови.

Важно е да се потенцира дека истражувањето на „Тајм аут“ се концентрира исклучиво на трошоците за забава и излегувања, без да ги вклучи киријата, домувањето или секојдневните прехранбени трошоци.

Најскапи за излегување: Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окланд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер, Мајами.

Најповолни за излегување: Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Наполи, Ханој, Чианг Мај, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго, Кејптаун.

Continue Reading

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading

Магазин

САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.

Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.

„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.

Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.

ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг