Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Невидлив штит, видлива разлика: Samsung и новата ера на безбедност

by
2025/11/27 21:23:14
in Uncategorized

Во време кога половина од животот ни е во дигитална форма – од фотографиите од патување, до банкарските сметки и здравствените резултати – безбедноста не е само „техничка опција“. Таа е апсолутна потреба.

Секојдневно слушаме за хакнати уреди, фишинг пораки, сомнителни апликации… А сепак, телефонот сакаме да го користиме лесно, брзо и без стрес. Па, како да бидеме релаксирани, а сепак сигурни?

Одговорот на ова прашање ви го дава Samsung со својата безбедносна платформа Knox која што работи тивко во позадина, додека ти само уживаш во денот.

Knox – твојот дигитален телохранител

Знаете како во филмовите јунакот има таен телохранител што секогаш го чува? Е, платформата Knox го прави тоа за твојот телефон

• Не дозволува сомнителни или ризични апликации да се инсталираат.

• Ги блокира чудните USB уреди.

• Или, ако во најлош случај го изгубиш телефонот – можеш да ги избришеш сите чувствителни податоци од далечина.

Сите го имаме почувствувано тој момент кога инсталираме нова апликација, а таа веднаш бара пристап до сè – од фотографии до локација. Knox ја става контролата назад кај тебе.

Паметно, но и приватно

Можеби најшик делот од Galaxy телефоните е Galaxy AI – твој smart sidekick што преведува разговори, спрема одговори на пораки, прави белешки, средува фотографии и упростува секојдневни задачи.

Но што е најважното? Голем дел од тие функции работат директно на твојот телефон, без праќање податоци на сервери. Тоа значи приватност без компромис и паметни функции без ризик. И секогаш имаш избор – Cloud AI можеш да го исклучиш во секој момент.

Плус, со Privacy Dashboard точно гледаш која апликација што користела – нема скриени изненадувања.

KEEP – секоја апликација во своја „приватна соба“

Замисли дека сите твои апликации живеат во ист стан, но секоја има своја заклучена соба. Така функционира Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP).

• Банкарската апликација ги чува твоите ПИН кодови во посебна, шифрирана зона.

• Фитнес апликацијата ги чува здравствените податоци во своја, сосема одвоена зона.

• А апликацијата за храна? Таа нема поим за ништо друго освен адресата што си ја внел.

KEEP значи дека податоците не се мешаат, не “протекуваат”, и не завршуваат таму каде што не треба. Тоа е како да кажеш: мојата приватност, моите правила.

Samsung создава уреди што не се само паметни, туку и сигурни по дефиниција.

Galaxy AI ти го олеснува секојдневието, Knox го обезбедува заднината, а KEEP додава суперслој на приватност.

А ти? Ти можеш да живееш спокојно, да работиш, да патуваш, да споделуваш и да креираш – знаејќи дека твоите податоци се таму каде што треба да бидат – само кај тебе и само за тебе.

Next Post

Божиновска: Енергетските реформи носат стабилност и меѓународна поддршка

Скопјанка ја плати довербата со 200.000 денари – мајсторот исчезнал

Препорачани Вести

Куќа од Кина за 15.000 долари? Евтина алтернатива или ризична игра со квалитетот

5 months ago

Ноќна рација во клуб кај Тетово – приведени девојки од Украина, Србија и Албанија

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.