Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Протекуваат неверојатни детали: Огромен пропуст на американските служби

by Уредник
27.11.2025
in Uncategorized
Протекуваат неверојатни детали: Огромен пропуст на американските служби

Авганистанскиот државјанин Рахманулах Лаканвал (29), обвинет за пукањето врз двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа, соработувал со повеќе американски владини агенции – меѓу кои и ЦИА – за време на службата во Авганистан, дознава Fox News.

Лаканвал влегол во САД веднаш по повлекувањето од Авганистан во 2021 година. Според разузнавачки извори, тој работел со американските структури во Кандахар, што било основата за неговиот прием во земјата.

Бившиот директор на ЦИА, Џон Ретклиф, ја критикуваше одлуката да му се дозволи влез, велејќи дека „такви лица никогаш не требало да добијат дозвола да дојдат во САД“.

ФБИ го води случајот како можен чин на меѓународен тероризам. Двајцата припадници на Националната гарда од Западна Вирџинија и понатаму се во критична состојба.

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди нападот, нарекувајќи го „монструозен чин на терор“ и порача дека напаѓачот ќе „плати највисока можна цена“.

Што се знае за осомничениот?

Според властите, нападот бил целен, а Лаканвал бил уапсен на лице место и однесен во болница поради раните здобиени во престрелката.

Негов роднина изјави дека Лаканвал 10 години служел во авганистанската војска, делумно и во базата во Кандахар, каде што давал поддршка на американските специјални сили.

Четворица високи полициски функционери потврдија дека Лаканвал околу 14:15 часот во средата отворил оган недалеку од Белата куќа, тешко ранувајќи двајца гардисти кои биле на патрола.

Роднината додаде дека Лаканвал живеел во Белингем, во американската држава Вашингтон, со сопругата и петте деца. Последните месеци работел за Amazon и Amazon Flex. Компанијата не даде коментар.

Спорниот програм за прием во САД

Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, изјави дека осомничениот во САД влегол преку операцијата „Welcome Allies“ – програма на администрацијата на Џо Бајден за релокација на ранливи Авганистанци и лица кои соработувале со американските сили.

До доцна синоќа, Службата за државјанство и имиграција на САД ја суспендираше обработката на сите имиграциски барања поврзани со авганистански државјани додека не се спроведе дополнителна проверка на безбедносните протоколи.

Next Post
Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства

Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства

Препорачани Вести

Скопје добива нови директори во четирите најголеми јавни претпријатија

2 months ago

Додик се огласи со зборот „Стигнав“ – но никој не знае каде!

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.