Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Две експлозии ја погодија руската „флота на сенките“ во Црното Море

by Уредник
28.11.2025
in Uncategorized

Рускиот танкер Kairos, дел од таканаречената „флота на сенките“ што Москва ја користи за заобиколување на западните санкции за извоз на енергенси, е сериозно оштетен по експлозија во близина на Босфорскиот Теснец, пренесе Reuters.

Турското Министерство за транспорт и инфраструктура соопшти дека екипажот на танкерот пријавил „надворешен удар“ додека пловел кон руската лука Новоросијск, на околу 28 наутички милји од турскиот брег. Експлозијата предизвикала пожар во машинскиот дел, по што турските спасувачки служби започнале итна операција и ги евакуирале сите 25 членови на екипажот.

Според компанијата за бродски транспорт Tribeca, се сомнева дека Kairos налетал на поморска мина и постои ризик бродот да потоне. На местото се распоредени спасувачки влечни бродови и единици на крајбрежната стража.

Reuters јавува дека втор танкер од санкционираната руска „сенка флота“, по име Virat, исто така претрпел експлозија во Црното Море. И двата брода се на листата санкционирани пловила поврзани со нелегалните канали за транспорт на руски енергенси.

Ова не е изолиран случај. Во 2023 година танкер под либериско знаме налета на мина близу брегот на Романија, а во 2022 година во турската лука Самсун се случи експлозија на нафтен танкер од засега непознати причини.

Next Post

Украински удар ја погодил руската авио-база Саки на Крим – уништени команден центар и ПВО-системи

Трамп ги поништи документите што Бајден ги потпишал со автопен

Препорачани Вести

Шок од Брисел: ЕУ подготвува план да ја финансира Украина со парите на Русија!

Шок од Брисел: ЕУ подготвува план да ја финансира Украина со парите на Русија!

2 months ago
НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови, громови, силен ветер и град!

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови, громови, силен ветер и град!

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.