Вчера во големата сала на Центарот за култура – Битола свечено започна 17. Фестивал на музика од светот, создавајќи исклучително топла и емотивна атмосфера.

Концертот го отворија групата Фонтана, предводена од кларинетистот Благојче Трајковски, и Гамзе, Турчинка со македонски корени, кои ја исполнија салата со енергија, традиција и звук што не остави никого рамнодушен. Настапот беше збогатен со посвети за битолчани кои оставиле трага во музиката, како и со изведби што ја разнежнија публиката.

Гамзе, со песни на македонски јазик и зборови полни искреност и топлина, ја освои публиката, споделувајќи го своето длабоко чувство кон градот Битола.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски









![[ВИДЕО] Трагедија попладнево во Скопје: Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа со мотор](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-23-194034.png)
