ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со активности за хортикултурно преуредување на зеленилото и украсните растенија во околината на Градскиот саат, една од најфреквентните локации во централното градско подрачје.

Од претпријатието информираат дека, доколку временските услови дозволат, ќе се реализира и бојадисување на перголите, клупите и корпите за отпадоци, со цел просторот да добие посвеж и поуреден изглед.

По завршување на оваа парковска површина, „Комуналец“ најавува продолжување на активностите и на други локации низ Прилеп, со фокус на обновување на урбаното зеленило и подобрување на јавниот простор.
Со овие активности, претпријатието го продолжува континуитетот на одржување и унапредување на зелените оази во градот, во интерес на граѓаните и поквалитетна животна средина.







![[ФОТО] Над 800 присутни велешани на хуманитарниот концерт за семејството Јовевски, досега собрани 200 илјади денари](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/11/192db6b2-2efe-4399-a814-392d3a40412e-1536x1536-1.jpg)


