Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пановски: Ентеробактерија не значи труење – најверојатно станува збор за цревна инфекција

by Уредник
28.11.2025
in Uncategorized

Микробиологот Никола Пановски во вечерашната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма објасни дека поимот „ентеробактерија“ сам по себе не значи ништо конкретно, бидејќи станува збор за „најголемата фамилија на бактерии“ со над стотина видови.

„Ешерихија коли ја имаме сите во огромни количини, исто како Клепсиела и Протеус. Постојат и опасни видови, но 99 отсто од нив не се опасни. Во оваа група се и салмонела, шигела и многу други. Затоа поимот ентеробактерија, па дури и ако се најде во чешмите, најчесто укажува на недоволна хигиена – најчесто пренесена преку неизмиени раце,“ рече Пановски.

Тој потенцираше дека вистинска причина за тревога би била доколку биле откриени салмонела или други специфични патогени: „Да кажеше некој ‘салмонела најдовме’, ќе правевме сосема друг муабет.“

Пановски појасни дека процесите на инкубација се различни и зависат од видот на контаминацијата. За салмонелата инкубацијата е од два до пет дена, но за да предизвика масовно заболување, во храната мора да има живи бактерии во голем број.

„Во мусака, на пример, не може да има толку живи бактерии за да зарази толку многу деца. Може да има интоксикација од претходно создадени токсини,“ додаде тој.

Според Пановски, се разликуваат три типа алиментарни нарушувања:

Алиментарна интоксикација – внесување готов токсин, најчесто создаден од габи, со инкубација од еден до шест часа. Алиментарна токсикоинфекција – внесување токсин и живи бактерии; симптомите почнуваат брзо и траат со денови. Алиментарна инфекција – инкубација од еден до пет дена, почнува со дијареа и температура, а не со повраќање како кај токсините.

„Така што, најверојатно не се работи за труење со храна, туку за цревна инфекција,“ заклучи микробиологот.

Извор: журнал.мк

Next Post

Две експлозии ја погодија руската „флота на сенките“ во Црното Море

Украински удар ја погодил руската авио-база Саки на Крим – уништени команден центар и ПВО-системи

Препорачани Вести

НЕМАШЕ ПРОБЛЕМ КОГА ЈА БЛОКИРАА МАКЕДОНИЈА: Сега кога Унгарија ја блокира Украина, одеднаш е проблем, вели Сијарто

4 months ago
Пукање на Бит Пазар!

Пукање на Бит Пазар!

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.