Connect with us

Култура

ШТРКОТ СИЛЈАН ВЕЧЕРВА ЌЕ СЛЕТА НА МЕНХЕТЕН

Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера на документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска. Публиката на Менхетен ќе има можност да го доживее ова ремек дело од филм што веќе започна глобално да освојува, буди љубопитност кај критичарите, а раскажува една оригинална македонска приказна за штркот Силјан.

Веднаш по проекцијата ќе следи разговор со публиката на која ќе учествуваат Тамара Котевска (режисер и продуцент) и Jean Dakar (кинематографер и продуцент). Ова е можност американските гледачи одблиску да ја чујат приказната директно од авторите за создавањето на филмот и за неверојатниот однос меѓу човекот и штркот кој го инспирираше целиот проект.

Филмот ја започна својата светска авантура во Венеција, каде ја освои престижната награда Cinema & Arts Award на Venice Film Festival. Тоа беше првиот силен сигнал дека „Силјан“ ќе го освои вниманието на документарниот свет. Следеа значајни награди и номинации од релевантни филмски фестивали: NY Doc, IDA (International Documentary Awards), Bergen, Cinema Eye Honors, Coronado Island Film Festival Калифорнија и ред други.

Но најголемиот доказ за вредноста на овој филм воопшто е откупувањето на правата од страна на National Geographic Documentary Films.

Овој филм е наш кандидат за Оскар за категоријата “најдобар странски филм”, а токму National Geographic го пријавува овој филм за трката за Оскар, во категоријата “најдобар документарен филм”. Со самото пласирање во двојна оскаровска трка, повторно имаме шанса поради Тамара Котевска за двојна номинација за Оскар.

Вечерашната американска премиера во IFC Center е моментот кога филмот се среќава со американската публика, критичарите и фестивалските селектори. Се очекува голем интерес и од македонската заедница во Њујорк, која го следи успешниот лет на Силјан.

Приказната за Силјан, човекот и штркот што создадоа нешто многу поголемо од случајна средба, вечерва го започнува својот најзначаен лет во САД.

Advertisement

Култура

„Танец“ го најавува годишниот концерт: Ритамот на душата и бојата на традицијата

Македонскиот ансамбл „Танец“ на 20 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот во Националната опера и балет, ќе го одржи својот годишен концерт под наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“, соопшти Министерството за култура и туризам.

Програмата ќе ги опфати најпознатите кореографии, традиционални ора и музички изведби кои го отсликуваат богатството на македонскиот фолклор. Настанот ја истакнува посветеноста на Ансамблот „Танец“ кон зачувувањето и сценската интерпретација на културното наследство, претставувајќи го фолклорот во неговиот најавтентичен и препознатлив облик.

Continue Reading

Култура

Дуото Некст Тајм ја преработија старата македонска песна „Нема друга Македонија“

Дуото „Некст Тајм“ ја преработи класичната македонска песна „Нема друга Македонија“ и сними ново видео во амбиентот на споменикот „Македониум“ во Крушево.

Оригиналната песна ја изведе Војо Стојановски, а преработката е дел од концертниот проект „Македониум“, кој групата го реализираше пред неколку недели во истоименото место.

Continue Reading

Култура

Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево организираа хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево

Концертот беше збогатен со многу музика, оро и родољубиви песни, а настапуваа културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, додека бендот кој беше задолжен за комплетната програма беше група „ЕТНУМ“.

Целиот текст може да го прочитате на Порта.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг