Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зимата ќе биде потопла од просекот, врнежите во нормални граници

by Уредник
28.11.2025
in Uncategorized

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја објави сезонската прогноза за претстојната зима 2025/2026, според која се очекува температурата на воздухот да биде малку повисока од просечната, а количините на врнежи да останат во рамките на многугодишниот просек.

Зимата ќе биде динамична, со три различни фази: ладен почеток, умерен среден период и постуден крај на сезоната. Најголемото позитивно отстапување на температурите се предвидува во јануари, особено во северниот дел на земјата.

Во однос на врнежите, УХМР посочува дека почетокот на декември се очекува со подпросечни количини, додека почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел на земјата. Просечната зимска температура се движи од -1,5°C во Маврово до 5°C во Гевгелија, додека просечната количина на врнежи се движи од 90 мм во Штип до 319,4 мм во Лазарополе. Во Скопје, просечната зимска температура се очекува околу 2°C, со просечни врнежи од 110 мм.

Сезонската прогноза е изработена врз основа на динамички и статистички модели, како и на телеконекции од климатските карактеристики на поголемите региони, со податоци од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето и други меѓународни прогностички центри.

Next Post

Роботакси од Хрватска: Римац ги надминува очекувањата

ВИДЕО: Македонското малцинство во Бугарија бара признавање на својот идентитет на форумот на ОН

Препорачани Вести

selo holandija

Холандско село сега наплаќа влез од 17,50 евра

1 month ago

Колку е скапо летото на Јадранот? Блогерот Круле вели: „Цените се сосема во ред“

7 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.