Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Грчката група „Коза Мостра“ вечер со целовечерен концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола

by Уредник
30.11.2025
in Uncategorized

Фестивалот „Музика од светот“ во Битола продолжува вечерва со настап на популарната грчка група „Коза Мостра“, која во Центарот за култура ќе понуди енергична програма инспирирана од балканската музичка традиција.

Групата од Солун постои 13 години, а на меѓународната сцена се вброи со учеството на Евровизија. За македонската публика не е непозната – во 2013 година приреди концерт во античкиот театар во Охрид, потсети директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски.

„Вечер очекуваме вистински музички спектакл. ‘Коза Мостра’ на сцената ќе спои традиционално и фолклорно со хард рок, хеви метал, ска и диско елементи. Тие настапуваат на бројни меѓународни фестивали и во Битола доаѓаат директно од гостување во Полска“, изјави Илковски, додавајќи дека на концертот ќе присуствуваат и амбасадорката и конзулот на Грција.

Фестивалот ќе заврши утревечер со настап на руската пијанистка Гамазда (Александра Кузнецова), која е позната по нејзиниот уникатен стил на изведба и рок интерпретации на класици од 80-тите и 90-тите години. „Очекуваме незаборавна вечер. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а за финалето подготвивме специјална сцена во битолскиот театар“, дополни Илковски.

Фестивалот „Музика од светот“ се одржува во организација на НУ Центар за култура – Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола.

Извор: Апла.мк

Next Post

Напад со нож пред Собранието во Белград - Има повредени

Семеен инцидент во Охрид: жена физички го нападнала сопругот

Препорачани Вести

Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ го победи Хаким Рамадани во Брвеница

3 months ago

Приведени две лица од Куманово поради пукање со пиштол на семејна веселба

6 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.