Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Локалната изборна кампања во Битола помина без злоупотреба на административни ресурси

by Уредник
30.11.2025
in Uncategorized

Според мониторингот на здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола, во текот на изборната кампања за Локалните избори 2025 година не се забележани сериозни случаи на злоупотреба на административни ресурси.

Извештајот опфаќа периодот од 15 септември до 19 октомври и констатира дека политичката трка во Битола се водела во динамична и конкурентна атмосфера, со активни кампањи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но без користење јавни ресурси за партиски цели. Не биле регистрирани случаи на користење службени возила, вклучување јавни службеници во партиски активности во работно време, ниту отворање инфраструктурни проекти со изборни мотиви.

Дел од партиските настани биле организирани во или во близина на јавни објекти, но пристапот бил еднаков за сите, без селективни привилегии. Функционерите што присуствувале се појавувале во својство на партиски претставници или како приватни лица.

Општинската администрација професионално ги извршувала своите надлежности, а комуникацијата на општината на социјалните мрежи останала во рамки на редовни административни информации.

Мониторингот е дел од национална иницијатива за следење на евентуална злоупотреба на административни ресурси и е поддржан од ИФЕС (Меѓународна фондација за изборни системи), која работи на унапредување на демократските процеси и промовирање на фер изборни практики во Северна Македонија.

Извор: Шеталиште.мк

Next Post
policija tetovo

Скандал во клиничкиот центар Тетово: Полицијата го истражува случајот

Украина и Норвешка со заедничко производство на современи дронови

Препорачани Вести

Ѓорѓиевски на 41-те Маџирмаалски средби: „Чест ми е што сум дел од оваа традиција“

11 months ago

Америка со испорака на воена помош вредна четири милијарди долари

11 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.