Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вартоломеј и Лав XIV повикаа на заедничко чествување на Велигден

by Уредник
30.11.2025
in Uncategorized

Вселенскиот патријарх Вартоломеј и папата Лав XIV ја изразија својата посветеност на продолжување на дијалогот меѓу православната и католичката црква, со посебен акцент на заедничкото празнување на Велигден.

Во заедничката декларација потпишана во Фанар, двајцата лидерите нагласуваат дека, и покрај присутните тешкотии кои сè уште ја попречуваат целосната заедница меѓу христијаните, потребно е сите верници заеднички да го слават Воскресението на Господ Исус Христос. Тие потенцираат дека ваквото одбележување може да инспирира нови чекори кон единството и се повикуваат на историските критериуми утврдени на Првиот Никејски собор за одредување на датумот на Велигден.

Декларацијата исто така ја потенцира годишнината од 60 години од историската заедничка декларација на Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI, со која беше укината меѓусебната анатема од 1054 година.

Вартоломеј и Лав XIV ја искажуваат поддршката за работата на Меѓународната заедничка комисија за теолошки дијалог и ги охрабруваат сите верници, свештеници и теолози, да продолжат со напорите за продлабочување на братските контакти и плодовите од дијалогот помеѓу двата христијански правци.

Извор: Религија.мк

Next Post

Мобилна единица при МВР апсеше во Тетово - Ова се деталите

Возач од Тетово уапсен со седум лица од Египет

Препорачани Вести

Шок во Аеродром: Мајка со бебе брутално нападнати – сопругот исто така претепан!

4 months ago

Цел Аеродром без струја – Ова е причината

5 months ago

Популарни Вести

  • Судскиот совет и истражните органи молчат – Ѓоко Ристов престанал да користи телефон, отишол на боледување и останува на невидливо место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Познато по кого трага полицијата во Батинци: Се бара Муса Џавит   осомничен за убиениот војник на АРМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали од претресот кај судијата Ристов: Со градежна екипа пробиен тајниот бункер зад плочки и цигли – пронајдени 350.000 евра во кеш

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 41 ГОДИШЕН МАЖ ОД ВЕВЧАНИ ВОЗЕЛ СО 2.37 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Полициски службеници од Струга го приведоа пијаниот шофер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во тек голема полициска акција во Батинци – дали е поврзана со истрагата за судијата Ристов и аферата за „Фехми Стафа“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.