Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВНИМАВАЈТЕ: Од утре камери ќе регистрираат прекршоци

by Уредник
30.11.2025
in Uncategorized

Од утре официјално стартува системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“. До крајот на годината ќе трае пробен период во кој возачите ќе добиваат само предупредувања, додека санкциите ќе бидат целосно активни од јануари, пренесе 4NEWS.mk.

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, најави нулта толеранција кон сите прекршоци – и во населени места и на автопат. Сопствениците на возила ќе добиваат СМС и е-пошта со записник и платен налог. Во првите осум дена ќе може да се плати половина од казната, а по истекот – целосниот износ.

Во почетната фаза системот ќе регистрира пречекорена брзина, минување на црвено светло, возење без важечка сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза ќе бидат додадени и други типови прекршоци.

Камери веќе се поставуваат во Скопје, Тетово, Куманово, како и на автопатите и експресните патишта на коридорите 8 и 10. До средината на 2026 година системот треба да ја покрива целата држава. Од МВР очекуваат првите резултати да бидат забележливи во наредните недели.

Next Post

Леш пронајден во Вардар, ОЈО започна истрага

Драма во Пробиштип: Полицаец нападнат со нож, уапсено едно лице

Обвинение против три лица за закани кон градоначалникот на Кавадарци, за првоосомничениот се бара притвор

Препорачани Вести

Иднината на финансиите се обликува на вториот Finance.Weekend

5 months ago

ВЛЕН обвинува: ДУИ и Левица скроиле тајна зделка за Струга

4 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.