Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Војник загина на НАТО-вежба во земја што граничи со Русија

by Уредник
30.11.2025
in Uncategorized

Белгиски војник кој учествувал во мисијата на НАТО во Литванија починал од повредите здобиени за време на воена вежба во петокот, потврдија белгиските власти. Според Политико, војникот починал во болница еден ден по несреќата.

Министерот за одбрана Тео Франкен и началникот на одбраната Фредерик Вансина во заедничко соопштение наведоа дека војникот бил повреден при вежба со минофрлачи.

Министерот Франкен на мрежата Х изрази „длабока тага за трагичната несреќа“ и упати сочувство и поддршка до семејството и колегите на загинатиот војник.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа исто така испрати телеграма со сочувство, истакнувајќи дека белгиските трупи кои служат во Литванија „даваат непроценлив придонес за безбедноста на нашата нација и на целиот Алијанс“. Тој нагласи дека нивната посветеност и жртва нема да бидат заборавени.

Белгиското федерално обвинителство отвори истрага за инцидентот, објави агенцијата Белга, но дополнителни детали засега не се познати. Според VRT, местото на настанот во саботата го посетиле федерален судија и двајца детективи специјализирани за воени истраги. Паралелно, Министерството за одбрана на Белгија започна и внатрешна истрага.

Починатиот војник, чие име не е објавено, бил припадник на артилериски баталјон од Брасхат. Речиси 200 белгиски војници се распоредени во Литванија како дел од НАТО-мисијата за Засилено присуство напред, која опфаќа повеќе мултинационални борбени групи стационирани во осум источноевропски држави.

Литванија, потсетување, граничи со руската ексклава Калининград.

Next Post

Четири тетовски села утре ќе бидат без електрична енергија

Внимавајте како возите: Од денес ќе ве снима „Сејф сити“!

Препорачани Вести

52-годишен скопјанец ранет со огнено оружје, хоспитализиран во Прилеп

2 weeks ago

Како е тоа тажно…

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.