Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Еве колку заработиле компаниите во Македонија со косовски сопственик

by
2025/12/01 18:28:30
in Uncategorized

Вкупниот промет на компаниите коишто се во сопственост на косовски државјани лани бил 299,4 милиони евра. Тие заеднички направиле добивка од 11,7 милиони евра. Податоците од Бизнис мрежа покажуваат дека приходот на компаниите бил помал отколку во 2023 година, но од друга страна направиле поголема добивка, или нивната профитна маржа се зголемила. Во компаниите се зголемил бројот на вработени од 2.420 во 2023 година на 2.529 лани, а пораснале и платите.

Извор: Бизнис Мрежа

КИТ-ГО РАСТУРА И ПО ПРИХОД И ПО ДОБИВКА

Портфолиото на косовски фирми во Македонија е богато. На врвот од табелата по приход и по добивка е трговскиот синџир Кит-го. Екс фис авијација обезбедува снабдување со гориво за авијација и услуги за полнење во авиони за многу клиенти на различни локации на Балканот. Апетит гроуп е главен производител и продавач на месни производи на територијата на Косово, а има своја фирма и во Скопје. Футуре енерџи трајдинг енд ексчајнџ динамикс е од енергетскиот сектор, но и покрај тоа што има приход од 22,8 милиони евра е во загуба и има блокирана сметка. Рецкосс-транс е од дејноста транспорт, Океан ком трејд е дистрибутивна компанија со храна и средства за чистење.

Вива Фреш Сторе е друштво кое се занимава со продажба на мало на стоки во неспецијализирани продавници-супермаркети каде преовладуваат храна, пијалоци и тутун. Сепак, прометот од 10,3 милиони евра не можел да ја спречи загубата произлезена од минатогодишното работење, која изнесува 117 илјади евра.

Услугите што ги нуди Ескаватори-Мк се: производство на сите видови асфалт, изградба на нови патишта, рехабилитација на патишта, мостови и други патни објекти. Елкос гроуп има трговски комплекс во Гостивар. Блу чип е познат по салоните Комодита.

Десетте најголеми компании по приход според остварените резултати се значајни играчи на македонскиот пазар. Нивните приходи се движат од 6,7 милиони евра до 99,7 милиони евра. Она што особено се истакнува е дека сите овие фирми, освен Ескаватори-Мк, во 2024 година имаат поголем приход отколку во 2023 година. Но, тоа не е случај и со добивките.

Кит-го имала најголем приход (99,7 милиони евра) и годишен раст од 14,7 насто. Шампион е и по добивка (2,8 милиони евра), но таа е намалена за 28,2 насто во однос на 2023 година.

Извор: Бизнис Мрежа

ЧЕТИРИ КОМПАНИИ ИАКО НЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПО ПРИХОД СЕ МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ ПО ДОБИВКА

Листата на најголеми компании по добивка ја дополнуваат 4 нови компании коишто не успеале да влезат во шампионската листа по приход. Едноставно, тие успеале да направат подобри профитни маржи.

Извор: Бизнис Мрежа

ПОВЕЌЕ ВРАБОТЕНИ

Кај десетте најголеми работодавачи во 2024 година имало 1.680 вработени, речиси 100 повеќе отколку во 2023 година, кога имало 1.585 вработени. Шампион и по вработеност, како и по приход и по добивка е трговскиот синџир КИТ-ГО со 966 вработени. Таму лани имало 901 вработен.

Извор: Бизнис Мрежа

А, ШТО Е СО ПЛАТИТЕ?

Кога станува збор за највисоки плати се појавуваат сосем нови играчи. Во косовските фирми може и многу да се заработи. Во фирмата Новус има 6 вработени, а просечната нето-плата лани била 145.761 денар, што е речиси 30 отсто помалку од просекот во 2023 година. Во Друштвото за трговија и услуги Интерпроект-гроуп од Врапчиште има слично висок просек, но всушност и не станува збор за просек – туку за плата на еден вработен, а таа изнесувала 138.252 денари, додека во 2023 година просекот бил само 18.043 денари. Другите плати во првата десетка во просек се движат од 58.251 денар до 75.074 денари.

Извор: Бизнис Мрежа

Извор: pari.com.mk

Next Post
Вучиќ нарече новинарка на РТС „имбецил“, а потоа се извини

Вучиќ со загрижувачки предупредувања за Србија

Нова генерација лекови за слабеење - Како ја менуваат исхраната и животниот стил

Препорачани Вести

Претрес во струмичко, пронајдена е марихуана, лишено од слобода е едно лице

Претрес во струмичко, пронајдена е марихуана, лишено од слобода е едно лице

2 months ago

Евростат: Албанија предводи во намалувањето на населението на Западен Балкан

1 week ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.