Connect with us

Магазин

Голем празник доаѓа во четврток

Во четврток православните верници ќе го чествуваат големиот црковен празник Воведение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Пречиста. Празникот ја одбележува посветата на Богородица на Бога и нејзиното внесување во Ерусалимскиот храм.

Според светото предание, кога Пресветата Дева Марија наполнила три години, нејзините родители – Светите Јоаким и Ана – го исполниле своето ветување и ја довеле од Назарет во Ерусалим, за да ја посветат на служба во храмот. Иако патот траел три дена, Нивната мисија била богоугодна, а придружувале и многубројни роднини и девици со запалени свеќи.

Пред храмот се наоѓале петнаесет скалила. Родителите ја поставиле Дева Марија на првото, а таа сама, лесно и бргу, се искачила до врвот, каде што ја пречекал првосвештеникот Захарија – таткото на Св. Јован Крстител. Тој, воден од Божја промисла, ја вовел не само во храмот, туку и во најсветото место – Светињата на светињите, каде што инаку влегувал само архиерејот.

Свети Теофилакт Охридски забележува дека Захарија бил „обземен од Бога“, објаснувајќи го овој необичен чин. По принесените жртви, Јоаким и Ана се вратиле дома, а Марија останала во храмот, каде што поминала девет години во молитва и чистота. Родителите често ја посетувале додека биле живи.

По нивната смрт, Марија останала сама и не сакала да се оддалечи од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа било несвообичаено за тогашниот Израил, на дванаесет години била доверена на Св. Јосиф, кој ја примил под покров со цел да се исполни Законот, а таа да го продолжи својот завет на девственост. Пресвета Богородица е првата жена која дала доживотен завет на девственост, а по нејзиниот пример подоцна тргнале мнозина.

Празникот Пречиста е еден од најзначајните Богородични празници во православната традиција и се слави со посебна почит меѓу верниците.

Advertisement

Магазин

Русија го забрани Snapchat – Ова се причините

Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор го блокира пристапот до Snapchat, апликацијата за привремено споделување фотографии и видеа, објави државната новинска агенција РИА.

Властите наведуваат дека една од причините за забраната е наводната злоупотреба на Snapchat „за организирање и извршување терористички акти и за регрутирање сторители“ во земјата.

Оваа одлука следува по слични ограничувања на други странски технолошки платформи, вклучително FaceTime на Apple, YouTube на Google, WhatsApp и Telegram на Meta, како дел од засилената кампања на Русија против апликации за кои властите тврдат дека се користат за криминални активности.

Continue Reading

Магазин

Четири нови животи: Тројца браќа станаа татковци во ист ден

Тројца браќа од Израел доживеале редок и емотивен момент откако нивните сопруги родиле вкупно четири бебиња во еден ден. Среќниот настан се случил во вторник во медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ во Бнеи Брак, во близина на Тел Авив.

Бебињата се родиле во интервал од неколку часа, а меѓу нив има и пар близнаци, што значи дека семејството за еден ден добило четири нови членови.

Портпаролката на болницата за германската новинска агенција ДПА го опиша повторното обединување на тројцата браќа во породилното одделение како „посебен и изненадувачки момент“.

„Никаква статистика не можеше да нè подготви за овој уникатен момент. За миг застанавме, се насмевнавме и повторно бевме трогнати од магијата што се случува тука секој ден“, рече таа.

Медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ е познат по големиот обем на работа, особено со религиозната заедница во Бнеи Брак. Статистиките покажуваат дека стапката на фертилитет во Израел е 2,9 деца по жена, што е највисока меѓу земјите членки на ОЕЦД, нагласува ДПА.

Continue Reading

Магазин

CNN: Сè уште постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна, одлично вино и без туристи

Престижниот американски медиум CNN во обемна репортажа ја постави Македонија на мапата како една од последните неистражени дестинации во Јужна Европа – земја со исклучителна храна, врвно вино и речиси без туристички метеж.

Во текстот, Македонија е опишана како „пат помалку патуван“ каде драматичниот планински релјеф, слоевитата историја и искреното гостопримство создаваат уникатно културно и природно искуство. Лоцирана северно од Грција, земјата е наречена една од најпланинските во светот – каде „кога и да тргнеш, пред тебе и зад тебе има планина“.

И покрај тоа што по големина ѝ е слична на американската сојузна држава Вермонт, Македонија сè уште ги избегнува гужвите што се типични за популарните јужноевропски дестинации. Според локалните туристички работници, голем број патници само транзитираат низ земјата без да ги откријат нејзините потенцијали.

CNN ги издвојува духовните светилишта како Бигорскиот манастир и манастирот Свети Наум, а Охридското Езеро го нарекува „круниски дијамант“ со богат биодиверзитет и препознатливиот охридски бисер.

Гастрономијата е претставена како централно доживување – од „вонземски“ зеленчук произведен на мали семејни фарми, до традиционални специјалитети како ајвар, ракија, бурек, пастрмалија и тиквешките вина. Кафаната, како институција, е опишана како жив доказ за македонската традиција и културна издржливост.

Скопје се истакнува како град на контрасти со бруталистичка архитектура, османлиски дух во Старата чаршија и модерни градби, додека за авантуристите се препорачуваат Водно и кањонот Матка.

CNN заклучува дека Македонија нуди „повеќеслојно рурално искуство и едни од најубавите природни пејзажи што може да се видат во толку мала земја“, охрабрувајќи го светот да го открие овој балкански бисер пред да го преплават туристи.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг