Connect with us

Република

ТЕТОВО ВО НОВO-ОБJАВЕНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА

ЦИА со документи за Тетово (1945-1995). Агентите на ЦИА со интерес за тетовска касарна, тетовскиот воен аеродром, стопанството, волнарскиот комбинат и албанското прашање. Во детали до тоа какви видови крави има на Земјоделскиот институт во Тетово и колку е широчината на патиштата…

Околу 13.милиони страници на нови декласифицирани и претходно заведени како ‘Врвна Тајна’ и никогаш не објавени документи од ЦИА (Централната Разузнавачка служба на САД) беа пред 1 месец објавени на интернет. Тие го опфаќаат периодот од 1940 до 1995.

Во нив има илјадници документи за Македонија и Југославија, но јас заради темата на страницата се потрудив да истражам што е пишувано за Тетово. Што шпионите во тоа време исвестувале за Тетово и што како информација за Тетово стигало до Вашингтон.

Јас се потрудив да ги исчитам сите за да неморате вие, и овде ви давам целосен пресек.

Овие документи се вреден историски извор, за сите истражувачи на периодот од 2.светска војна до 1995. Сите документи можат да се погледнат на интернет страницата на ЦИА: https://www.cia.gov/library/readingroom/

При претрага, Тетово се споменува во точно 89 документи, од кој најмалите се на 1 страница а најголемите на 700 страници. За вас ги прелистав сите и подолу за прв пат ви давам анализа што се од Тетово било од интерес за Вашингтон.

Во овие 89 документи во кои се споменува наше Тетово (има 101 но другите се за градчето со исто име во Бугарија), дури 65 се со историско значење и може да се извлече релевантен податок. Останатите 24 се општи документи за Југославија или Македонија во кои Тетово само се попатно се споменува (пример: при набројување градови, научни анализи за географија и сл.).

Најстариот документ кој се однесува на Тетово е од02.11.1945 (испратено од Лондон за Вашингтон, во кој се споменуваат на 26 страни шпиони од Балканот и кодирани имиња и меѓу нив, на стр.11, дека за соработник се понудил тогашниот Тетовски Муфтија !) – СЛИКА 1 ДЕСНО. 

Најновиот документ е од 21.12.1995 (каде во погoлем извештај за кризата во бивша ЈУ, се споменува проблемот со тензиите околу тетовскиот универзитет).

Што содржат овие 65 документи за Тетово, од кои најголем дел се од 1940-тите и 1950-тите?

ВОЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Статистика:

Вкупен број и релевантност

    • Вкупно документи во кои се споменува Тетово = 89 
    • Историски релевантни = 65
    • Историски нерелевантни = 24

Почетни и крајни документи

    • Најстар документ = 02.11.1945 
    • Најнов документ = 21.12.1995 

Јазик

    • англиски = 88 
    • француски = 1

Број на док. по декади (од 65 релевантни)

    • 1940-ти = 11
    • 1950-ти = 45
    • 1960-ти = 2 
    • 1970-ти = 3 
    • 1980-ти = 1
    • 1990-ти = 3

Најмногу во една година

    • 1951 = 16 
    • 1950 = 15

Најголем дел од нив се она што навистина ЦИА ја интересирало а тоа се шпионски информации за воени информации и распоред на воската. Најчесто се тоа цели списоци од над 10-тина страни за распоред на војската низ цела Југославија па се споменува накратко што има и во Тетово. По датум на извештајот: 17.10.1947 – Во Тетово е стационирана 2-рата тенковска дивизија со 11 моторизирана бригада,

17.11.1950 – 13.окт 1950 специјален батаљон на Југословенската војска пристигна во Тетoво и започна реквизиција на домови за трупите и офицерите. Околу 1000 се очекува да пристигнат од Сараево.

31.01.1951 – Распоред на 42.дивизија (од Тетово во Охрид) со седиште во Кичево. Во Тетово има 45 луѓе со претпоставен Живко Лечовски 

07.11.1947 – дека 2-рата оклопна дивизија има 1 бригада и во Тетово 08.04.1948 – дека Тетово е во 5-тата Армиска Област со стационирана 5-та Оклопна Бригада

18.10.1948 – во детална листа што содржи 5-тиот Армиски Корпус, стои дека во тетово е стационирана 32-та Тенковска Бригада

17.03.1949 – во ургентна дојава стои дека Војската има 27 магацини за оружје вкопано на двете страни на Шара кон крајот на 1948. Некои од нив се околу 8 тетовски планински села. 

Агентите известуваат во огромни извештаи и заЗдравството во Југославија. При тоа Тетово се споменува: дека имало епидемија на Catarrhal Ophthalmia (коњуктивитис) во 1946-47 (извешетај05.05.1950). Во листа на доктори низ Југолсвија во Тетово ги наведува Др. Фиданчо (без презимето) и Др. Џафер Елбасани (извештај 21.09.1950). Во Скопје има Македонска Медицинска Асоцијација формирана 1946 со 220 членови со подружници во 8 града меѓу кои и Тетово (извештај 23.04.1952). Во јуни и јули 1952 бил организиран тим од 7 различни доктори и 40 асистенти од Скопје кои 2 месеци оделе на терен на здравствени прегледи низ Тетовските Села (извештај24.02.1953)

СТОПАНСТВО

Вашингтон се интересирал за сите аспекти на живот, а особено стопанството на Југославија. Во детални извештаи Тетово се споменува неколку пати: За видот на стока (црвени украински говеда) кои се одгледувале на Земјоделско-Технолошкиот Институт во Тетово(извештај 21.11.1950 и 15.06.1951). Во детална анализа каков вид храна се произведува во Југославија по градови, во делот за ‘Јаболки’ наведено е дека се одгледува во околината на Тетово (изв. 16.11.1953). 

Има детален извештај и што работи и што градела градежната компанија ‘Бетон‘ при што се напоменува дека има подружници во 5 града меѓу кои и Тетово (изв. 29.04.1953) и дека оваа компанија го градела Волнарскиот Комбинат во Тетово (изв. 24.01.1951).

Волнарскиот Комбинат во Тетово

Најголемиот дел на информации од стопанството во Тетово се за градбата на Волнарскиот Комбинат во Тетово (подоцна преименуван во ТЕТЕКС) во дури 14 документи. Инаку Тетекс е пуштен свечено во употреба на 25.мај 1951 (известува на 02.07.1951). Најчесто ова се извештаи од дневни весници преведени на англиски за да може да ги користи ЦИА.

Дека е започнат да се гради уште во 1949 пишува во извештаите од 10.03.1950 (на 15,5 хектари) и10.08.1950. Потоа има многу известувања дека е во тек градба на таков комбинат (03.02.1950, 03.05.1950, 03.08.1950, 23.02.1951).

Инсталирана е предилница со 11.000 преѓи, а ќе почне пробно во март 1951 со капацитет од 7000 кг преѓа (извештај 03.04.1951 и 28.05.1951). Дојдени се експерти од Словенија и Хрватска  а ќе има 2000 вработени за кои се градат 6 стамбени згради со по 18 стана. Очекувано 500 тона текстивл во 1951 и 2000 тона во 1952 (извештај 11.07.1951). На 08.мај 1951 започна експериментално производство а комплетирана ќе има 10.000 преѓи на 24 машини (извештај: 20.07.1951)

Во планот за развој на Југославија од 1953, наведено е дека за Тетово се планира Текстилниот Комбинат да произведе до крај на 1954: 1900 тони памучна преѓа и 30 милиони М2 ткаенина (извештај: 09.06.1953)

АЛБАНСКОТО МАЛЦИНСТВО

Неочекувано за Тетово, оваа тема е многу слабо застапена во известувањата до Вашингтон и само како напомена во детални анализи на ниво на Југославија.

Најраните документи за оваа тема се за Про-Титови избеглици кои пребегале од Албанија: дека дел од нив прво биле населени во Сараево, па живееле и работеле под заштита на државата во Тетово, за потоа да бидат префрлени во Белград (извештај 05.07.1951). Ова е потврдено и во извештајот од 03.06.1952.

Од друга страна известуваат и за Анти-Титовиинфилтрации од Албанија во Југославија, при што тимот на Bajram Dobrodolli бил инфилтриран од Пешкопеја за реоните на Челопек и Добридол (извештај: 28.09.1950).

Иако очекував да најдам документ околу најтензичната ситуација во Тетово во овој период – Албанските демонстрации од 1968 – таков документ нема. Единствено во една анализа (од 07.02.1969) за кризата во 1968 на Косово, кратко се наведува дека таа се прелила и во Тетово со Демонстрации во кои главно барање било присоединување на Тетово кон Косово. Истото само накратко се потврдува во една пообемна анализа многу години подоцна од01.05.1979 (наведувајќи дека демонстрациите во тетово биле на 28.декември 1968).

Дури многу подоцна (во последните документи од 1995) повторно и пак накратко се известува за ова албанското малцинство (како што е наведено во документите), а се однесува на посочување дека во Македонија има опасност од тензии околу Универзитетот во Тетово (извештај за улогата на УНПРОФОР од 08.03.1995 и друг од 21.12.1995)

Последниот, всушност е и најнов документ од овие новообјавени на ЦИА а се споменува Тетово… во исчекување на нови што допрва ќе се објавуваат…

Уште во неколку документи кои ја опишуваат инфраструктурата во Југославија накратко е посочено за Тетово дека: има мост на кај Вардар со челична конструкција 80м долг и 6 м широк, и капацитет од 70 тони (10.12.1950); дека патот од скопје до Тетово е солиден со ширина од 6-10 м (21.12.1950); или дека 1950 е изграден патот Тетово-Качаник (08.03.1951)

Известувања има и за административни прашања. На 12.11.1952 известуваат за изборите за Народното Собрабие на Македонија од 03.дек 1950, каде пишуваат: ГРАД Тетово – 13341 гласач, гласале 11410 од кои 11217 за Народниот Фронт (СРЕЗ Тетово 35733 гласачи од кои гласале 30909 од нив 30707 за НФ). Во документ од 01.01.1957 известуваат за Административна поделба од 22.јун.1955 при што нагласуваат дека Тетовски срез има: Незејоделско население 23,8%, а неземјоделски приходи 58,3%.

14.02.1951 – Еден од ретките документи кој се однесува само за Тетово. На 2 стр има детална информација и опис на касарната во Тетово каде бил сместен 87.пешадиски полк на чело со словенечкиот Мајор Фердо Толар. Следи листа колку пушки имаат, колку телефони, радио станици и др. Покрај тоа има и една Тенковска единица со 15 тенкови од советско и германско производство. – СЛИКА 2 ДЕСНО20.12.1951 – 96.внатрешен батаљон на КНОЈ е со седиште во Гостивар и има 3 оддели, од кои 1 во Тетово.01.12.1970 – На 65 страни извештај за Југословенската Војска по градови. На стр.52 е описот на Касарната во Тетово (обезбедена, 4 бараки во форма на Т, 3 гаражи, 2 придружни згради, 20 возила од еден вид (пречкртано кои) и 40 возила од друг вид (пречкртано кои) – СЛИКА 3 ДЕСНО01.07.1983 – Во листа на фотографии на 700 стр од воени инсталации од цел свет, стои во списокот опис на фотографија и од Тетово со наслов Тетovo Ammunition Depot East Construction (Магацин за Оружје во Тетово). За жал објавена е само листата на фотографии но не и самата фотографија. Тетовскиот Аеродром

Голем интерес агентите на ЦИА покажале и за тогашниот Тетовски  АЕРОДРОМ. Се работи за Аеродромот кај Жеровјане јужно од Тетово, кој постарите Тетовчани во 1960-тите и 1970-тите го памтат како спортски Аеродром на Аеро клубот во Тетово.

Се наведува дека е завршен пролетта 1948 на барање на Советите. Тој во 1940-тите и 1950-тите се споемнува во овие документи како Најмодерен Воен Аеродром на Балканот. Бил 2500 м долг и 150 м широк, на 8 км јужно од Тетово на левата страна од патот кон Гостивар. Најверојатно неговата важност опаѓа после информбирото и повлекување на Советите, што зборува зошто се споменува само од 1948 до 1951.

Заради тоа што ова е интересно и досега не опишано прашање деновиве ќе пуштам посебен текст само за темата Тетовскиот Аеродром во документите на ЦИА.

ИНФРАСТРУКТУРА И АДМИНИСТРАЦИЈА

Агентите известуваат за градење на новата железничка пруга Скопје-Тетово-Гостивар. Тоа всушност е замена на старата теснолинејка (градена уште од  1916) со нова стандарна поширока пруга. Дека оваа изградба е во тек кратко информираат во докуемнтите од 04.04.1949,17.01.1951 и 10.01.1952. Во извештајот од 27.10.1950пишува дека тогашната (стара) пруга е со ширина 600 мм и дека во Тетово има Станица со водна пумпа. Спред извештајот од 31.05.1951 стои дека делот од Скопје до Радуша бил завршен 1950, а сега се гради од Радуша до Тетово  при што ќе има 3 тунели во вкупна должина од 567 м. Инаку, новата пруга е пуштена 1952.

Се известува и за електрификацијата на Југославија, при што за Тетово стои дека во Македонија пред војната само 10-тина села околу Тетово и Скопје биле осветлени а сега многу повеќе (извештај 07.07.1949); дека во 1949 електричната линија Тетово-Гостивар-Вруток е завршена, а сега е завршена и Тетово-радуша со линија од 35.000 волти (извештај: 08.03.1950). При анализа на електрификацијата на цела Македонија, наведува дека меѓу другите градови базна трафостаница има и во Тетово (извештај: 22.05.1950)

извор: Дарко Гавровски / портал ‘Тајните на Тетово’ / gavro.com.mk

Advertisement

Република

УХМР: Маглата се повлекува, следуваат врнежи од дожд и снег

Од среда ќе започне постепено расчистување на маглата што ја зафати државата, а ќе преовладува дожд на пониските, и снег на повисоките предели, соопштија од УХМР.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), низ деновите што следуваат се очекува подобрување на временските услови, а маглата што во изминатите денови го намали видот и предизвика сообраќајни и аеродромски ограничувања, ќе почне да се расчистува.


Во текот на денешниот ден и утре, времето ќе остане засегнато од влажни и студени воздушни маси, со што се очекуваат врнежи од дожд на пониските надморски висини и врнежи од снег во планинските региони.
Метеоролозите дополнително истакнуваат дека температурата ќе биде пониска од просекот за овој период, што ќе придонесе за поинтензивни зимски услови, особено на планините каде што снежната покривка ќе се зголемува.


Подоцна во неделата, како што се движи холодниот циклон, се очекува подем на температурите и стабилизација на времето, со помалку магла и сушини периоди, кои ќе овозможат полесно движење и нормално одвивање на сообраќајот.


Од УХМР ги повикаа граѓаните и возачите да бидат внимателни на патиштата поради можни влажни и лизгави коловози, како и на ветер што може да создава чувство на дополнителен студ.

Continue Reading

Република

Граѓаните генерално задоволни од „Сејф Сити“, но посочуваат и конкретни забелешки

Поголемиот дел од граѓаните позитивно го оценуваат функционирањето на системот „Сејф Сити“, сметајќи дека тој придонесува за поголема безбедност и подобра контрола во сообраќајот, но истовремено изнесуваат и низа забелешки за неговата примена и ефектите во секојдневието.


Според реакциите во јавноста, граѓаните ја поздравуваат зголемената дисциплина кај возачите, намалувањето на сообраќајните прекршоци и чувството на поголема безбедност на улиците. Камерскиот систем, велат тие, има превентивен ефект и ги поттикнува учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата.


Сепак, дел од граѓаните укажуваат на одредени проблеми, како што се нејасно означени зони под надзор, недоволна информираност за начинот на функционирање на системот, како и страв дека фокусот е ставен повеќе на казнување отколку на едукација и превенција.
Дополнително, се посочуваат и дилеми околу заштитата на приватноста и потребата од поголема транспарентност во користењето на собраните податоци.

Дел од граѓаните бараат институциите појасно да објаснат како се чуваат снимките, кој има пристап до нив и колку долго се задржуваат.
И покрај забелешките, општата перцепција е дека „Сејф Сити“ претставува чекор напред во унапредувањето на јавната безбедност, но дека е неопходно системот постојано да се унапредува, со подобра комуникација со јавноста и прилагодување на реалните потреби на граѓаните.

Continue Reading

Република

„Куќа имам на Пелистер“ – Илјадници посетители на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на одбележување на успешно завршената година и свечениот почеток на Новата 2026 година, со богата понуда на храна, пијалоци и забавна програма.

Манифестацијата по втор пат ја организира ЈУ Национален парк Пелистер, со поддршка на Општина Битола, со цел на едно место да се обединат и промовираат туристичките потенцијали на поширокиот регион.

„Оваа година имаме околу 30 учесници, меѓу кои локални угостители, хотели, производители на храна и пијалоци, како и други правни лица кои нудат алтернативна туристичка понуда. Целта е да се зајакне локалната економија и да се промовира Пелистер како атрактивна туристичка дестинација во текот на целата година“, изјави директорот на Националниот парк, Иванчо Тошевски.

Посетителите имаат можност да уживаат во автентични локални вкусови, традиционални производи и празнична атмосфера, што уште еднаш го потврдува значењето на ваквите настани за развојот на туризмот и промоцијата на регионот.

Извор: Апла.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг