Connect with us

Црна Хроника

Трагедија: Во Вардар пронајдено тело на жена 

На 30.11.2025 во 14:00 часот во СВР Велес е пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на село Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.  

Advertisement

Црна Хроника

Битолчанка измамена од 20.000 евра – Ова се деталите

70-годишна жена од Битола пријавила во полиција дека била измамена за 20.000 евра, откако непознато лице телефонски ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно паднала по скали и ги искршила вилицата и ногата. Измамникот побарал итни средства, тврдејќи дека за наводните повреди морало да се вградат „златни шипки“.

Жената, верувајќи дека се работи за животна ситуација, ги оставила парите на договорено место. Подоцна, кога успеала да ја добие својата ќерка, сфатила дека целата приказна била измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Continue Reading

Црна Хроника

ВИДЕО: Пожар во Стара чаршија во Скопје

vonredna vest

На социјалните мрежи се појави видео од пожар во еден од објектите во Скопската Стара чаршија. На снимките се гледа огнената стихија и интервенција на противпожарните екипи.

Засега нема потврдени информации за повредени лица, а причините за пожарот се во тек на утврдување. Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот и да ги следат инструкциите на службите.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Црна Хроника

Младо момче и девојка нападнати со нож и ограбени во Градскиот парк

Во вечерните часови вчера во Скопје се случил страшен инцидент во Градскиот парк. Две непознати лица, под закана со остар предмет, ограбиле 13-годишна девојка, а потоа едно од нив го нападнало нејзиниот 14-годишен другар кој бил со неа.

Според полицискиот билтен, родителот на девојката, И.М. (55) од Скопје, пријавил дека неговата ќерка била нападната околу 19:00 часот. Полицијата веќе презема мерки за пронаоѓање и санкционирање на сторителите.

Случајот ја шокира јавноста и ја отвора дискусијата за безбедноста на децата во јавните простори на главниот град.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг