Connect with us

Магазин

Истражувањата откриваат богата историја на тетовската црква „Св. Богородица“

Црквата „Св. Богородица“ во Тетово претставува значаен духовен и културно-историски споменик, чија историја датира од многу старо време и носи сведоштва за континуитетот на христијанскиот живот во Полог. Според податоците од книгата на Кузман Најденоски „Тетово во минатото како културен и просветен центар на Полог“ од 1964 година, на просторот под месноста Купеник, во близина на денешната црква „Св. Богородица – Балаклија“, по Балканските војни биле откриени урнатини од стар храм, икони, кандила и друг црковен прибор.

Во околината биле пронајдени и средновековни христијански гробови кои долго време биле предмет на прекопување. На местото каде што денес се наоѓа стариот градски водовод и централниот водосклад за Тетово, некогаш постоела црквата „Св. Петка“. При увид на екипа од градскиот музеј биле регистрирани ѕидни остатоци и керамички плочки што укажуваат на постара средновековна градба, која, според историските податоци, била обновувана во 1765 година. Денес, поради одземањето на црковното земјиште за потребите на резервоарот, можни се да се видат само делови од ѕидови високи околу еден метар, а постои иницијатива оваа црквичка да биде возобновена. Имотот, кој во катастарот се води како лозје, останува во сопственост на црквата со површина од 1.400 м².

Денешната црква „Св. Богородица“ во Горно Маало е подигната непосредно по Балканските војни, на урнатините на стар храм. Градежните работи започнале во 1903/04 година и траеле до 1916 година. Храмот е изграден од камен и полна печена цигла, со површина од 6,5 ари. Фреските и иконите ги изработил познатиот галички зограф Тале, кој тогаш престојувал во Гостивар. Осветувањето било извршено на 28 август 1918 година, на празникот „Успение на Пресвета Богородица“, од скопскиот митрополит Варнава.

Иконостасот е изработен во два вида – горниот дел во даборез, а долниот од обично дрво, што претставува уникатна комбинација во уметничкото оформување на храмот.

Црквата и денес претставува важен духовен центар за тетовчани, а новите истражувања фрлаат светлина врз нејзината богата, но недоволно проучена историја.

Advertisement

Магазин

Четири нови животи: Тројца браќа станаа татковци во ист ден

Тројца браќа од Израел доживеале редок и емотивен момент откако нивните сопруги родиле вкупно четири бебиња во еден ден. Среќниот настан се случил во вторник во медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ во Бнеи Брак, во близина на Тел Авив.

Бебињата се родиле во интервал од неколку часа, а меѓу нив има и пар близнаци, што значи дека семејството за еден ден добило четири нови членови.

Портпаролката на болницата за германската новинска агенција ДПА го опиша повторното обединување на тројцата браќа во породилното одделение како „посебен и изненадувачки момент“.

„Никаква статистика не можеше да нè подготви за овој уникатен момент. За миг застанавме, се насмевнавме и повторно бевме трогнати од магијата што се случува тука секој ден“, рече таа.

Медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ е познат по големиот обем на работа, особено со религиозната заедница во Бнеи Брак. Статистиките покажуваат дека стапката на фертилитет во Израел е 2,9 деца по жена, што е највисока меѓу земјите членки на ОЕЦД, нагласува ДПА.

Continue Reading

Магазин

CNN: Сè уште постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна, одлично вино и без туристи

Престижниот американски медиум CNN во обемна репортажа ја постави Македонија на мапата како една од последните неистражени дестинации во Јужна Европа – земја со исклучителна храна, врвно вино и речиси без туристички метеж.

Во текстот, Македонија е опишана како „пат помалку патуван“ каде драматичниот планински релјеф, слоевитата историја и искреното гостопримство создаваат уникатно културно и природно искуство. Лоцирана северно од Грција, земјата е наречена една од најпланинските во светот – каде „кога и да тргнеш, пред тебе и зад тебе има планина“.

И покрај тоа што по големина ѝ е слична на американската сојузна држава Вермонт, Македонија сè уште ги избегнува гужвите што се типични за популарните јужноевропски дестинации. Според локалните туристички работници, голем број патници само транзитираат низ земјата без да ги откријат нејзините потенцијали.

CNN ги издвојува духовните светилишта како Бигорскиот манастир и манастирот Свети Наум, а Охридското Езеро го нарекува „круниски дијамант“ со богат биодиверзитет и препознатливиот охридски бисер.

Гастрономијата е претставена како централно доживување – од „вонземски“ зеленчук произведен на мали семејни фарми, до традиционални специјалитети како ајвар, ракија, бурек, пастрмалија и тиквешките вина. Кафаната, како институција, е опишана како жив доказ за македонската традиција и културна издржливост.

Скопје се истакнува како град на контрасти со бруталистичка архитектура, османлиски дух во Старата чаршија и модерни градби, додека за авантуристите се препорачуваат Водно и кањонот Матка.

CNN заклучува дека Македонија нуди „повеќеслојно рурално искуство и едни од најубавите природни пејзажи што може да се видат во толку мала земја“, охрабрувајќи го светот да го открие овој балкански бисер пред да го преплават туристи.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

„Stranger Things“ руши рекорди: Петтата сезона има 59,6 милиони прегледи во првите пет дена

Првиот дел од долгоочекуваната петта сезона на „Stranger Things“ беше објавен на 26 ноември, а веќе во првите пет дена оствари импресивни 59,6 милиони прегледи. Според пишувањето на Variety, ова е најдобриот старт што некогаш го имала серија на англиски јазик на платформата Netflix.

Овој резултат претставува значително надминување на веќе високата гледаност на четвртата сезона. Во 2022 година, кога Netflix сè уште ја мереше гледаноста според вкупно поминати часови, серијата во првите три дена собра 287 милиони часови гледање – бројка која се пресметува околу 22 милиони прегледи. Тоа дополнително го потенцира огромниот интерес што го привлече новата сезона.

Нови рекорди уште од премиерата

Иако петтата сезона е објавена пред само неколку дена, веќе донесе втор рекорд. Поради големото исчекување, сите четири претходни сезони минатата недела се најдоа меѓу Топ 10 најгледани на Netflix – првпат една серија да има четири сезони истовремено на листата.

Но, рекордите не застанаа тука. Во периодот од 24 до 30 ноември, „Stranger Things“ стана првата серија со пет сезони во Топ 10:
–  петтата сезона го зазеде првото место,
– првата сезона беше трета со 8,9 милиони прегледи,
– четвратата сезона петта со 6,1 милиони,
– втората сезона шеста со 5,6 милиони,
– третата сезона осма со 4,6 милиони прегледи.

Финалето доаѓа на самиот крај од годината

Netflix минатата недела ги објави првите четири епизоди од новата сезона, а наредните три ќе бидат достапни за гледање на католички Божиќ, a големото финале е планирано за Нова година.

Со оглед на огромната гледаност и интересот што не се намалува, се очекува „Stranger Things“ уште долго да остане меѓу најпопуларните на Netflix. Проекциите се дека петтата сезона ќе се најде и на листата на најгледани серии на англиски јазик на сите времиња, каде моментално четвртата сезона е на третото место со 140,7 милиони прегледи во првите 91 ден.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг