Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Прилеп под водство на Проданоски доби признание за најдобра практика во инклузијата

by Уредник
03.12.2025
in Uncategorized

Општина Прилеп е избрана за „Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“ за 2025 година, признание кое ја потврдува континуираната работа и посветеноста на локалната самоуправа кон создавање инклузивно општество.

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, ова признание добива уште поголема значење, испраќајќи јасна порака дека секој човек има право на достоинствен живот, еднакви можности и активно учество во заедницата.

Признанието е доделено во рамки на тригодишниот проект „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ на Здружението „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“, каде од вкупно 12 општини, Прилеп се издвојува со пионерски чекори: формирање општинско тело за инклузија, изработка на Програма и Акциски план, како и ангажирање на 52 образовни асистенти.

Градоначалникот Дејан Проданоски го истакна значењето на Дневниот центар „Ѕуница“, Дневниот центар за лица со церебрална парализа, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и специјализираните паралелки во ООУ „Климент Охридски“, каде секое дете е интегрирано и поддржано.

Проданоски најави дека работата продолжува, со формирање тим за детектирање и поддршка на надарени деца, отворање Советувалиште за родители со мултидисциплинарен тим, развивање нови програми за поддршка и дополнително унапредување на пристапноста и социјалните услуги.

„Инклузијата не е само збор, тоа е начин на живеење. Тоа е нашата заедничка обврска и иднина“, порача градоначалникот, нагласувајќи дека Прилеп останува град на еднаквост, почит и човечност.

Next Post

САД реагираат на насилство врз христијаните во Нигерија и другите земји

Полициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце - МВР со детали

Препорачани Вести

Денеска се празнува Светата маченичка Доротеја

Денеска се празнува Светата маченичка Доротеја

11 months ago

Коалицијата ВЛЕН со целосна поддршка за Мимоза Муса: Принципиелноста и лојалноста се наш темел

8 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.