Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Костадинов решително ги демантира обвиненијата: Проектот за електрични автобуси е спроведен согласно законот

by Уредник
04.12.2025
in Uncategorized
Kostadin Kostadinov

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, категорично ги отфрли сите наводи од кривичната пријава поднесена против него и други лица во врска со јавната набавка на електрични автобуси во општината.

Во својата реакција, објавена на Фејсбук, Костадинов истакнува дека проектот, кој го смета за „стратешки и со јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити“ за жителите на Струмица, бил спроведен во целосна согласност со законските процедури.

Тој појаснува дека иницијативата за проектот започнала од Општината, била изгласана од Советот на Општина Струмица и опфатила формирање на Јавно сообраќајно претпријатие и спроведување на јавна набавка.

„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони“, наведува Костадинов.

Поранешниот градоначалник потенцира дека тој и сите инволвирани лица „стојат на располагање на сите надлежни органи и институции“ за да ги елаборираат деталите за спроведувањето на проектот, кој, како што нагласува, денес „беспрекорно функционира во пракса“.

Костадинов кратко заклучи дека не сака да дава политички коментари во врска со настанот.

Next Post

Коњановски и странските експерти работат на физибилити студијата за гондола на „Пелистер“

Николоски: Со осмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром

Николоски од Брисел: По двојната промена на името и седум измени на Уставот – што е следниот чекор?

Препорачани Вести

Amazon го крши ледот: Паметни очила со екран во боја и камера наскоро на пазарот

5 months ago
Огромен пресврт – Трамп: „Никогаш не сум рекол такво нешто“

Огромен пресврт – Трамп: „Никогаш не сум рекол такво нешто“

3 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.