Connect with us

Балкан

Весникот „Илинден“ излезе во јубилејно 70. издание

Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 70.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за македонското национално малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата матична држава, изјави Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Во ова издание, покрај другото објавени се написите:

  1. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности
  2. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
  3. Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден“- Тирана
  4. Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија
  5. Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот  учестуваше на состанок на Работна група на словенски малцинства
  6. Македонско друштво “Илинден”-Тирана му честишаше на ВМРО-ДПМНЕ за големата победа на локалните избори
  7. Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука
  8. Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје
  9. Почина Славица Гаџова Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)
  10. Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до семејството на Славица Гаџова Свидерска
  11. Македонско друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за Македонците во Албанија
  12. Македонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации
  13. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа
  14. Ѓурѓај: Извештајот на ФУЕН e десетгодишен труд на македонско друштво “Илинден“-Тирана
  15. За девет месеци на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минале 36.938 патници или 9 отсто повеќе споредено со лани
  16. Авантуристички парк во Студено областа Голо Брдо нов чекор за туристичко оживување на областа Голо Брдо
  17. Почна со работа Специјалната собраниска комисија “За административно-територијална реформа“

На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, од мај 2017 година весникот е  и со електронско издание www.vesnik-ilinden.coм

Во септември истата година, е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: time.mk, grid.mk, daily.mk и vesti.mk

Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија

Advertisement

Балкан

Заглавен европскиот пат: БиХ останува без одлука за старт на преговори со ЕУ

Советот на министри на Босна и Херцеговина денес не успеа да донесе одлуки што би овозможиле отворање на преговорите за членство со Европската Унија пред седницата на Европскиот совет закажана за 18 и 19 декември. Причина за тоа беше повторното одбивање на министрите именувани од Милорад Додик да се дискутира за два клучни реформски закона.

На дневниот ред, објавен минатата недела од претседателката на Советот на министри Борјана Кришто, беа предлог-законите за Судот на БиХ и за Високиот судски и обвинителски совет, како и одлуката за формирање канцеларија на главниот преговарач со ЕУ. Сепак, по ултиматумот од министрите за надворешна трговија и за финансии, овие точки воопшто не беа разгледувани.

Тие се заканија дека ќе го блокираат дневниот ред доколку се отвори расправа за реформските закони, што практично би значело и неодржување на седницата. Поради тоа, Кришто ги повлече спорните точки, а Советот разгледуваше само помалку значајни информации и технички прашања.

Властите на Република Српска не ги прифаќаат нацрт-законите подготвени од Министерството за правда, иако тие се изработени согласно препораките на Европската комисија. Дополнително, инсистираат главниот преговарач со ЕУ да доаѓа од СНСД, барање што партиите од бошњачко-граѓанскиот блок категорично го одбиваат.

Засега нема најава кога клучните реформски закони ќе се најдат повторно на дневен ред на Советот на министри или во државниот парламент. Сè поизвесно е дека Босна и Херцеговина ќе ја дочека 2026 година без јасна перспектива за започнување преговори со Европската Унија.

Иако земјата доби условно зелено светло за отворање преговори уште во март 2024 година, оттогаш нема конкретен напредок. Заедно со Косово, БиХ во моментов се наоѓа на дното од процесот на европска интеграција меѓу земјите од Западен Балкан.

Continue Reading

Балкан

Грчките земјоделци повторно блокираа премин: Богородица ограничен за патнички возила

Граничниот премин Богородица од 18 часот попладнево е блокиран за сите видови сообраќај поради протест на грчките земјоделци, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Засега, на преминот можат да влегуваат само товарни возила од Грција кон Македонија, додека излез од Грција е дозволен само за товарни моторни возила. Патнички возила и автобуси засега не можат да ја користат граничната линија.

Автомото сојузот апелира на внимателност и следење на сообраќајните информации пред патувањето кон граничниот премин Богородица.

Continue Reading

Балкан

Турски Ф-16 собори дрон над Црното Море 

Турските воени сили соборија неидентификуван дрон кој се приближувал кон турскиот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Објектот бил „надвор од контрола“, а соборувањето се извршило на безбедна локација, надвор од населени места, за да се избегне потенцијална штета.

Инцидентот се случува во услови на зголемени регионални тензии, по нападите на украинските поморски дронови врз руски танкери во близина на турскиот брег. Турските воздухопловни сили реагирале со подигање на ловци Ф-16 откако дронот бил детектиран.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно ги осуди украинските напади, оценувајќи ги како сериозна закана за безбедноста на пловидбата, човечките животи и животната средина. Министерството за одбрана не соопшти дополнителни детали за точната локација и времето на инцидентот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг