Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Експертите открија: Вака ќе изгледа идната гондола на Пелистер

by Уредник
05.12.2025
in Uncategorized

Странски експерти од Словенија и Франција денес пред битолчани ги претставија првичните предлози од физибилити студијата за изградба на гондола кон Пелистер, која би стартувала од Дихово, Ротино или Цапари и би се искачувала до високите предели на планината, со можност конечната станица да биде врвот Антена на 2.601 метри надморска височина.

Според експертот Франц Фурлан од Словенија, Пелистер има огромен потенцијал да стане туристички бисер за сите четири сезони, доколку се развие со еко-инфраструктура каква што се применува ширум светот. Тој нагласи дека современите трендови се насочени кон авантуристички туризам и ограничување на возилата на планината, додека гондолите овозможуваат пристап и за оние кои досега тешко стигнувале до високите зони.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека ова е почеток на долг процес, но дека студијата ќе ја насочи Општината кон најдобрата траса. Тој посочи дека меѓустаницата се разгледува да биде кај Копанки или Молика, каде веќе постои инфраструктура и активности.

Советникот Иван Чулакоски, кој ја иницираше идејата во 2023 година, предложи почетната станица да биде помеѓу Битола и Дихово, со меѓустаница кај Инфоцентарот, а наместо Антена – завршната станица да биде на месноста Седло, која според него е попогодна и безбедна. Таму би се предвидел мал објект за одмор, без сместувачки капацитети, а во следна фаза би се развивале патеки кон Широка и скијачки терени со минимални интервенции.

Директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, предупреди дека при секој план мора да се води сметка за заштитата на моликовата шума и зоните под строг режим. Како најсоодветна појдовна точка ја посочи Цапари, а истакна дека постојните патеки од фронтовата линија на Баба Планина овозможуваат развој со минимални зафати.

Студијата продолжува, а конечната траса ќе зависи од усогласувањето меѓу туристичкиот потенцијал и строгите правила за заштита на природата.

Next Post
kud orce nikolov

КУД ‘Орце Николов’ го слави својот 80. роденден со ревија на народни носии и креативни работилници

tanec

Македонски Декември: Празник на Душата, Музиката и Традицијата

Препорачани Вести

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

11 months ago

Крвава пресметка кај хотел „Карпош“: Малолетник прободен со нож, хоспитализиран во „8 Септември“

8 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гостиварец измамен преку лажен пакет од Пошта – загуби речиси 90.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД и Словачка се здружуваат за модернизација на нуклеарната енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобилот е речиси целосно уништен: 22 годишно момче загина во стравична сообраќајна несреќа во БиХ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриено како Саит Саитов избегал од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.