Connect with us

Магазин

Овие 4 хороскопски знаци ќе го зголемат приходот најмногу во 2026 година

Нова година носи нови можности и конкретни резултати за оние кои вложиле труд, знаење и трпение. Некои хороскопски знаци веќе на почетокот на 2026 година ќе почувствуваат раст на приходите, проширување на бизнисот или пари од неочекувани извори. Овие знаци можат да сметаат на стабилна финансиска година и на прилика да ги наплатат своите идеи.

Бик

2026 година за Биковите носи материјална сигурност каква што посакувале. Нивната упорност, трпение и прагматичност конечно ќе се исплатат. Ѕвездите ги поттикнуваат кон раст преку стабилни извори на приход – работа, недвижнини или инвестиции. Бикот може да постигне повеќе отколку што очекувал.

Јарац

Јарците продолжуваат по растечка патека. Од јануари нивната работа ќе им се исплати повеќекратно, со можни унапредувања, покачувања или сопствени проекти кои носат заработка. Клучот е во упорноста и професионалноста, во што Јарацот блеска.

Шкорпија

За Шкорпиите се отвораат нови врати. Пари можат да дојдат од неочекувани извори – хонорарна работа, инвестиции или наследство. Долго вложуваните напори конечно ќе бидат наплатени, а Шкорпијата ќе знае мудро да вложи и паметно да заработи.

Овен

Овните ќе покажат храброст во финансиските одлуки. Иако обично импулсивни, оваа година делуваат стратешки. Наградите доаѓаат брзо преку бизнис проекти, дополнителни приходи и личен развој. Нивната заработка ќе расте во бранови, но ќе биде конкретна и мотивирачка.

Advertisement

Магазин

Одложен настап: Што се случи со Џејла Рамовиќ во Македонија?

Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ синоќа не се појави на закажаниот настап во еден од познатите скопски локали. Организаторите соопштија дека настапот е одложен, а причината, како што се наведува, е последица од инцидентот што се случи на 1. декември во Кичево.

Тогаш, Рамовиќ била задржана од полицијата за време на акциска контрола, откако инспекторите утврдиле дека настапува без соодветни документи за работа. Пејачката потоа истакна дека сите документи биле правилно доставени до организаторот и дека прекинот се случил поради пропуст на организаторот, а не од нејзина страна.

„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот. Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам“, изјави Рамовиќ.

Слична ситуација се случи и со српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, а низ медиумите кружи и информацијата дека е откажан и концертот на Наташа Беквалац во Штип закажан за 27 декември, поради политички дискусии околу настанот.

Организаторите соопштија дека наскоро ќе објават нов датум за скопскиот настап на Џејла Рамовиќ.

Continue Reading

Магазин

Пензионер треба да врати речиси 30.000 евра поради грешка во пензијата

Пензионираниот британски државен службеник Дерек Ричи (63) се соочува со задолжително враќање на 28.640 евра, кои ги добивал преку преплаќања во последните 11 години, поради грешка во пресметката од 2014 година, соопштија надлежните служби.

Во март, Ричи добил писмо со извинување за „евентуалните непријатности“ и можност да ги врати парите преку банкарски трансфер или на рати, пишува „Гардијан“. Сепак, тој велеше дека не добил целосно објаснување за ситуацијата. Три месеци подоцна, му било соопштено дека ќе следи тужба доколку не ги врати средствата.

„Во последните 11 години донесував одлуки и планови врз основа на бројките што ми беа дадени, а грешката ќе ми предизвика значителни тешкотии“, изјави Ричи, кој поради стресот бил препишан лекови за депресија и анксиозност. Тој планирал целосно пензионирање во 2027 година, но сега вели дека ќе мора да се врати на работа за да го отплати долгот.

Ричи е меѓу стотиците пензионери погодени од административни грешки во системот „MyCSP“, кој во 2019 година призна дека се обидува да наплати милиони евра од повеќе од 2.000 пензионери. Грешките биле откриени при ревизија, но преплаќањата на Ричи првично останале незабележани, постепено растејќи од околу 230 евра годишно на 4.500 евра.

Во октомври, парламентарната комисија го критикуваше управувањето со пензиските шеми и предложи да се врати директна контрола на државните служби. Во моментов, системот е во рацете на компанијата „Capita“, која ветува модернизација и подобрување на услугите за пензионерите.

Continue Reading

Магазин

Половина од постарите Руси се убедени дека светот го контролира тајна влада

Бројот на Руси кои веруваат во постоењето на тајни организации што управуваат со светските настани порасна во последните години, покажува анкета на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (VCIOM), пренесена од The Moscow Times.

Според резултатите, во 2022 година 37% од Русите верувале во постоењето на „тајна светска влада“, додека во 2025 година тој број достигнал 40%. Истовремено, 46% од граѓаните не се согласуваат со оваа теорија на заговор.

Најголема поддршка за ваквите верувања има меѓу постарите граѓани и гледачите на државната телевизија. Меѓу Русите родени од 1948 до 1967 година, 50% веруваат во оваа тајна влада, додека меѓу младите родени по 1992 година, такви се само 26%.

Социолозите објаснуваат дека во периоди на длабоки општествени промени и неизвесност, теориите на заговор им нудат на луѓето едноставни објаснувања за сложени случувања, како политички одлуки или економски кризи. Според историските податоци на VCIOM, по распадот на СССР во 1992 година, 48% од Русите верувале во тајни организации.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека меѓу актерите на „светската влада“ Русите најмногу ги вбројуваат олигарсите и милијардерите (25%), американската елита (19%), масоните (4%), семејството Ротшилд (3%) и Рокфелер (2%). Поддршката за „англосаксонскиот свет“ како центар на тајните влијанија се зголемила по почетокот на инвазијата во Украина.

Исто така, анкета спроведена во 2024 година покажала дека секој десетти Русин е подготвен да поверува во постоењето на вонземски живот ако тоа го изјави претседателот Владимир Путин, додека официјалните медиуми би убедиле 6%, а пријателите само 3% од испитаниците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг