Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.
Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.
Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.









