На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на 5 декември во 18:40 часот бил приведен 38-годишниот Д.Ј. од Куманово. При рутинска гранична контрола, полициските службеници утврдиле дека лицето се води со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги Куманово.
По лишувањето од слобода, Д.Ј. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, кои го спровеле во КПУ Затвор Куманово.









