Магазин
Samsung ја лансира One UI 8.5 бета верзијата за уште полесно користење
Најновата верзија на One UI носи подобрена продуктивност, приватност и перформанси низ целата Galaxy екосистема.

Скопје, 9 декември 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. вчера ја објави бета-програмата за One UI 8.5, воведувајќи нови и поедноставни начини за создавање, поврзување и одржување безбедност. One UI 8.5 им овозможува на корисниците да направат повеќе со помал напор, нудејќи надградби што овозможуваат поинтуитивни активности, подобро управување со уредите и засилена безбедност.
One UI 8.5: Што е ново за креирањето содржини?
One UI 8.5 го прави создавањето и споделувањето содржини поинтуитивно – од почеток до крај. Корисниците можат да продолжат да генерираат нови слики без прекин со ажурираниот Photo Assist. Тие можат континуирано да ги уредуваат фотографиите со функциите на Photo Assist¹, без потреба да ја зачуваат секоја верзија посебно. Кога ќе завршат, лесно можат да ги прегледаат сите изработени варијанти во историјата на уредување и да ги изберат омилените.

Споделувањето е исто така пофлуидно благодарение на подобрувањата во Quick Share², кој сега препознава луѓе на фотографиите и проактивно предлага да им ги испрати директно на тие контакти.
Како One UI 8.5 ја подобрува поврзаноста помеѓу уредите?
Новите функции за меѓууредска поврзаност го олеснуваат управувањето со уредите, без разлика дали корисниците треба да управуваат со датотеки, да ја споделат својата мрежа или да комуницираат со уреди во близина. Audio Broadcast³ овозможува лесна комуникација со уреди во близина што поддржуваат LE Audio, користејќи Auracast. Покрај аудио од медиумски извори, корисниците сега можат да го емитуваат и својот глас преку вградениот микрофон на Galaxy телефонот – идеално за групни ситуации како тури или настани.

Storage Share⁴ внесува уште поголема флуидност во Galaxy екосистемот со тоа што ги прикажува датотеките од други Galaxy уреди – вклучувајќи таблети и компјутери – директно во апликацијата My Files. Исто така, им овозможува на корисниците да пристапуваат до датотеките на нивниот телефон од други Samsung уреди, вклучително и од телевизор.

Како остануваат заштитени моите Galaxy уреди?
One UI 8.5 ја зајакнува заштитата на уредите и им дава на корисниците појасна контрола над нивните безбедносни поставки. Theft Protection ги штити телефонот и податоците во случај да бидат изгубени или украдени. За дополнителна безбедност, Failed Authentication Lock автоматски го заклучува екранот доколку има премногу неуспешни обиди за потврда на идентитетот преку отпечаток, PIN или лозинка. Проверка на идентитетот исто така штити поголем број поставки отколку претходно, додавајќи уште еден слој заштита.
Достапност
Бета-програмата One UI 8.5 најпрво ќе биде достапна за корисниците на серијата Galaxy S25 во одбрани пазари, вклучувајќи Германија, Индија, Кореја, Полска, Обединетото Кралство и САД, почнувајќи од 8 декември. Корисниците на Galaxy може да се пријават за учество во бета-програмата преку апликацијата Samsung Members.
###
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со револуционерни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните екрани, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и решенијата за меморија, системските LSI решенија и производството на чипови (foundry). Samsung напредува и во областа на медицинската визуелизација, решенијата за греење, вентилација и климатизација (HVAC), како и во роботиката, додека преку компанијата Harman создава иновативни производи за автомобилската индустрија и аудио-технологиите. Со својот екосистем SmartThings, отворена соработка со партнери и интеграција на вештачката интелигенција низ целиот производен опсег, Samsung овозможува поврзано и интелигентно корисничко искуство. За најнови вести, посетете ја страницата Samsung вести на news.samsung.com.
¹Функцијата Generative Edit за Photo Assist бара интернет конекција и најавување со Samsung сметка. Уредувањето со Generative Edit може да резултира со промена на големината на фотографијата. Видлив воден жиг се поставува врз финалната слика при зачувување, за да означи дека сликата е генерирана со вештачка интелигенција. Прикажаните слики на екранот се симулирани за илустративни цели. Вистинското UX/UI може да варира.
²Достапно на уреди со One UI 2.1 или понова верзија и со Android Q или понов. Потребни се Bluetooth Low Energy и Wi-Fi конекција за Quick Share. Вистинската брзина може да варира во зависност од уредот, мрежните услови и корисничката околина. Прикажаните слики на екранот се симулирани за илустративни цели. Вистинското UX/UI може да варира.
³Достапно само на уредите од серијата Galaxy S25, вклучувајќи ги Galaxy S25, S25+ и S25 Ultra. Прикажаните слики на екранот се симулирани за илустративни цели. Вистинското UX/UI може да варира.
⁴Секој уред мора да биде најавен на истата Samsung сметка и да има вклучени и Wi-Fi и Bluetooth. Потребни се ажурирани Galaxy телефони и таблети со One UI 7 или понова верзија и kernel верзија 5.15 или понова, како и Galaxy Book2 или понов (Intel) и Galaxy Book4 или понов (Arm), како и Samsung Smart TV модели, вклучувајќи го U8000 и понови модели, пуштени по 2025 година. Достапноста на функцијата може да варира според регионот и моделот на уредот. Прикажаните слики на екранот се симулирани за илустративни цели. Вистинското UX/UI може да варира.
Магазин
Голем пресврт во хороскопот – два знака добиваат силен финансиски подем
Астролозите најавуваат дека два хороскопски знака влегуваат во исклучително поволен период, во кој се очекува значителен финансиски прилив. Според нив, универзумот им испраќа можности што можат да донесат вистински бум на приходите во следните неколку недели.
Лав: период на профит и нови можности
За родените во знакот Лав се отвораат шанси што носат високи финансиски добивки – од профитабилни проекти и успешни инвестиции, до потенцијални ненадејни приходи, како што е наследство. Иако позитивната енергија носи силен импулс, астролозите предупредуваат дека импулсивното трошење може да биде ризично. Дел од приходите, велат, треба да се насочат кон долгорочни и стабилни инвестиции.
Стрелец: неочекуван прилив од повеќе извори
Стрелците во овој период може да очекуваат пари што ќе пристигнат од различни насоки: дополнителни работни ангажмани, патувања, соработки, лични проекти или дури и поволни случајности. Нивната природна отвореност и авантуристички дух, според астролозите, привлекуваат финансиска среќа. Сепак, советот е дел од добивката да се вложи во посигурни опции.
За двата знака следува период на олеснување и исполнување на желби. Финансиските приливи, покрај материјална добивка, се гледаат и како можност за остварување на одамна посакувани планови. Астролозите додаваат дека е важно среќата да се пречека со мудри одлуки, бидејќи стабилниот пристап е клучен за долготраен успех.
Магазин
Поранешен агент на ЦИА предупредува – Ова се најопасните земји во светот
Поранешниот агент на ЦИА, Џон Киријаку, предупредува дека нестабилноста во одредени региони ширум светот може да има катастрофални последици и за дипломатите и за цивилните патници. Според него, ситуацијата е толку напната што патувањето во некои земји претставува екстремен ризик.
Стејт департментот веќе има издадено предупредувања од „ниво 4“ за повеќе земји, вклучувајќи ги Иран, Украина, Судан, Сирија и Русија, каде опасностите од војни, немири, тероризам, киднапирања и неоправдани притворања се зголемени.
Киријаку, кој за време на неговата служба посетил 72 држави, изјави за LADBible Stories дека „скоро сите биле ужасни“, додавајќи дека никогаш немал можност да оди на безбедни или пријатни дестинации. Како најопасни денес ги издвојува Јемен, Сомалија, Газа, Авганистан и делови од Пакистан.
Како пример за ризиците, тој се навраќа на своите пет патувања во Јемен, од кои секое, според него, било „полошо од претходното“. Земјата е под предупредување од ниво 4 поради немири, криминал, здравствени ризици, киднапирања и тероризам. На оперативците им бил дозволен престој само во строго обезбеден хотел со деветметарски бомбоотпорен ѕид.
За време на неговата последна мисија, група јужнокорејски дипломати биле убиени во заседа веднаш по нивното пристигнување во земјата, а неколку дена подоцна и разузнавачки службеници кои дошле да го истражат нападот исто така биле ликвидирани. Поради ова, Јужна Кореја ја затворила својата амбасада.
Киријаку предупредува дека глобалната безбедност денес е во критична состојба и дека односите меѓу државите се исклучително напнати. Според него, многу е тешко да се предвиди во која насока ќе се движи светската ситуација, што дополнително го зголемува ризикот за патување во нестабилни региони.
Магазин
Црква од 6 век во тетовскиот „Стар манастир“
„Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година
ТЕТОВО – На локалитетот Лешочко Кале започнуваат археолошки истражувања на стар манастирски комплекс од пред повеќе векови. Истрагите што ги иницираше Музејот на тетовски крај, а се реализираат преку Националниот конзерваторски центар, финансирани од Министерството за култура, се насочуваат кон објекти што во 14 век претставувале епископски центар, но истовремено црквата „Св. Атанасиј“ која се’ уште опстојува, ќе се утврдува дали била градена на стар црковен објект од 6 век. Подготовките за почеток на археолошките истражувања веќе се завршени, па според најавите од Националниот конзерваторски центар наскоро ќе започнат. Годинава се планирани сондажни истражувања кои ќе траат околу еден месец. Во наредни фази кои според проектот би се одвивале од наредната година, ќе се пристапи кон конзервација. На овој комплекс забележани биле и поранешни истражувања во два-три наврати, а тогашните и сегашните наоди ќе послужат за поставување сонди до самата здравица, заради заштита и создавање услови на некогаш подигнатите објекти.
Со организираните археолошки истражувања ќе се стави крај и на беснеењето на дивите копачи од кои една група откриени минатата година, им беше судено и им беа изречени затворски казни.
Манастирскиот комплекс „Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година. Јеромонахот Јоаникиј како единствен ктитор најнапред ја подигнал манастирската црква со пари, што ги обезбедил продавајќи го целиот имот на својот татко. Црквата била подигната на стари темели и градба од шестиот век, што е потврдено со пронаосот, на кој на десниот ѕид до неодамна биле видливи фреските. Во двориштето Јоаникиј изградил и конаци, келии и други објекти, а манастирот „Св. Атанасиј“ останал седиште на Полошката епископија како управен, духовен и културен центар на 14 век под јурисдикција на Охридската архиепископија. Создадени биле услови за живот на монаси и членови на манастирското братство, но и како место каде се школувале свештеници. Манастирскиот комплекс под разни влијанија неколку пати бил разурнуван, а најмногу последици имал во наездата на турските башибозуци во 1689 година. Први ископини биле вршени во 1927 година, кога биле откриени остатоци од разурнатата црква, три саркофази од кои еден бил на јеромонахот Јоаникиј, осамен гроб, две гробници и други објекти.
Од фрескоживописот очигледни биле делови на свети маченици, свети војници како и фреската насловена како „Угостувањето на праведниот Аврам“, но и делумни истраги биле вршени во 1981 година.Меѓутоа, очигледно е дека целиот простор бил оставен и запуштен, објектите оштетувани и од луѓе, но и од забот на времето, а свое влијание извршиле и дивите копачи кои во потрага по закопаното благо, нанеле огромни штети на просторот.
Трендинг
-
Црна Хроника6 days agoПолициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали
-
Црна Хроника3 days agoОбид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали
-
Балкан2 days agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Република6 days agoЕве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово
-
Црна Хроника4 days agoПолицијата го лоцираше украденото „Ауди“ за неколку часа – младиот тетовец уапсен!
-
Скопје5 days agoСекое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски
-
Економија2 days agoКинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка
-
Република5 days agoПланирани прекини на струја утре во Тетовскиот регион















