По драматични преговори зад сцената, американскиот претседател Доналд Трамп денеска направи зачудувачки пресврт во технолошката војна со Кина! Соопштено е дека, под одредени – и тоа какви – услови, тој го одобрил извозот на клучни чипови од технолошкиот гигант Nvidia за Пекинг. Овој неочекуван чекор е потврден и од кинеска страна, по директен разговор меѓу Трамп и неговиот колега, претседателот Си Џинпинг.
Договорот е вистинска бомба, особено финансиски! Како што Трамп експлозивно објави на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social), Nvidia ќе мора да префрли неверојатни 25 отсто од вкупниот промет од продажбата на овие графички процесори (GPU) – кои се столбот на развојот на вештачката интелигенција (ВИ) – директно во американската државна каса!
Станува збор за чиповите H200 од постарата серија „Хопер“ (Hopper). Иако не се најновиот крик на технологијата (Nvidia лансираше помоќна серија „Блеквел“ кон крајот на минатата година), овие GPU се сѐ уште исклучително барани и витални за кинеските амбиции во доменот на ВИ.
Извозот на американски чипови во Кина со години е централна точка на геополитичките тензии. Стравот дека овие моќни компоненти можат да бидат искористени за воени цели ги принуди и администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, а сега и Трамп, на постојани ограничувања.
Администрацијата на Бајден воведе строги ограничувања во 2022 година. Како одговор, Nvidia го дизајнираше послабиот чип H20 за да ги заобиколи американските забрани и да остане на профитабилниот кинески пазар.
Во април, Владата на Трамп изненадувачки го забрани и извозот на H20, пред да дојде до претходен договор со Nvidia, кој дозволи продажба со провизија од 15 отсто за државата.
Кинеските власти, пак, инсистирајќи домашните компании да се фокусираат на развој и употреба на локални, кинески еквиваленти. Оваа стратегија очигледно зеде данок: Nvidia реализираше само 50 милиони долари промет во Кина во третиот квартал, а за тековниот квартал не планираше никаков приход од овој пазар.
Според денеска објавените договори, американскиот технолошки гигант сега ќе може да ги нуди своите графички процесори на „овластени клиенти“ во Кина.
Од Nvidia ја поздравија одлуката на американската Влада, нарекувајќи ја „разумен баланс“ кој ќе ѝ овозможи да продолжи да работи на најголемиот светски пазар, додека истовремено ги почитува безбедносните грижи на Вашингтон.
Американската држава добива милијарди од трговијата со ВИ технологија, додека Кина добива пристап до потребните, иако не најнапредни, чипови. Ова е нова, финансиски мотивирана фаза во геополитиката на технологијата.