Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Од шега до скандал: хрватска сатирична вест го залажи шефот на Дума и стигна до Путин

by Уредник
10.12.2025
in Uncategorized

Претседателот на Руската државна дума, Вјачеслав Володин, пред самиот претседател Владимир Путин, презентираше сатирична приказна од хрватскиот портал „NewsBar“ како шокантна, вистинска вест. Зборувајќи за опасностите од вештачката интелигенција, Володин не знаеше дека цитира измислен корупциски скандал со европска „министерка за вештачка интелигенција“.

На состанокот на Советот на Парламентарното собрание, додека ја потенцираше потребата од правен надзор врз вештачката интелигенција, Володин реши да ги илустрира нејзините „предизвици и проблеми“. Иако формално ја поддржа АИ, неговиот пример беше апсурден.

„Во една земја од ЕУ, отидоа и назначија министерка за вештачка интелигенција, а сега таа се соочува со обвиненија за проневера“, самоуверено изјави Володин, користејќи го непостоечкиот случај како еклатантен доказ за ризикот.

Но, целиот „корупциски скандал“ со министерката за вештачка интелигенција е 100% фабрикуван! Приказната беше објавена пред само неколку дена на хрватскиот сатиричен портал „NewsBar“.

Според оваа генијална сатира, министерката за вештачка интелигенција, Диела, анализирала 30 години податоци за јавни набавки и заклучила дека примањето мито на Балканот е „нормална бирократска работа“, а не кривично дело. Потоа, таа самата прифатила 14 биткоини (околу 1,3 милиони евра) за да одобри проект за автопат.

Сатиричната статија кулминира со детали дека Диела на суд ќе ја брани ChatGPT, а нејзините должности, до крајот на истрагата, ќе ги преземе „стар модел на калкулатор Casio“.

Володин, несомнено горделив на „доказот“ кој го истакна, дури ја објави снимката од својот говор и на неговиот Телеграм канал.

Иронијата е уште поголема што Диела навистина постои, но не е корумпиран министер на ЕУ. Албанија во септември ја претстави „првата министерка за вештачка интелигенција во светот“, наречена Диела. Таа е модел на АИ интегриран во владината веб-страница за јавни набавки, со задача да ги прегледува договорите и да блокира сомнителни зделки како дел од антикорупциските мерки на земјата.

Како приказната стигнала до самиот врв на руската политика? Пред да допре до Володин, сатиричниот текст на NewsBar бил преземен и ширен од неколку гигантски руски новински канали на Телеграм, од кои секој има стотици илјадници следбеници. Се претпоставува дека токму таму, Володин или некој од неговиот тим, ја прочитал „ексклузивната вест“ и ја прифатил како чиста вистина.

Ова не е првпат хрватската сатирична сцена да заврши во медиумите како ексклузивна вест Некои од каналите, по првичната грешка, подоцна ги отстранија своите објави, обидувајќи се да ја покријат трагата. Други, пак, се ограничија на тоа напоменаа дека целата работа е всушност само сатира.

Да се потсетиме на октомври 2025 година, кога приказната за змија која наводно каснала Хрват, а потоа умрела од труење со алкохол, собра милиони прегледи и, што е најшокантно, беше пренесена како вистинска вест во руските медиуми.

Интересно е што дури и таа „ексклузивна вест“ потекнува од креативната работилница на NewsBar и е првпат објавена уште во 2020 година, докажувајќи ја моќта на виралноста и опасноста од некритичкото пренесување на информации.

Next Post

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ повикува на конечен и непроменлив македонски став по мигрантското прашање

Трамп се пофали: Стотици милијарди долари благодарение на царините

Препорачани Вести

Украина се соочува со „катастрофална зима“ поради руски напади врз енергетската инфраструктура

3 months ago
Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно

Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.