Connect with us

Македонија

Реакција на МАН на изјавите од СДСМ: Госпоѓо Кузеска – мукла, и марш во ќош!

Кузеска за “игнорирани“ ги смета: “Бомбите“ (нејзин назив) за јавните набавки, потоа изјавите на Кузеска и Филипче за наводниот договор со кој Македонија ќе биде преплавена со мигранти испорачани од Велика Британија и нападот во просториите на поткастот Инфомакс, како и изјавите на Венко Филипче,велат меѓу другото од МАН

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, која е дел од “тимот на Заев“ по задача во партијата да го чуваат неговиот капитал и слобода, во момент на здодевност и очај дека опозицијата нема што да каже во однос на власта бидејќи спиновите се потрошени, нема проекти или решенија за постоечки проблеми, нема способни луѓе кои би се нафатиле да влезат во органите на партијата реши јавно да ги “построи“ новинарите кои недоволно ги следеле нејзините изјави и настапите на нејзиниот шеф Венко Филипче, реагираа од Македонската асосцијација на новинари (МАН), кое интегрално го пренесуваме во подолу.

„Таа издвои настани кои, според неа, не биле објавувани колку што на неа и и на Филипче им треба за да ги оправдаат своите функции на портпарол и шеф на СДСМ од кои партијата немаат ефект, како што се гледа на изборите.

Кузеска за “игнорирани“ ги смета: “Бомбите“ (нејзин назив) за јавните набавки, потоа изјавите на Кузеска и Филипче за наводниот договор со кој Македонија ќе биде преплавена со мигранти испорачани од Велика Британија и нападот во просториите на поткастот Инфомакс, како и изјавите на Венко Филипче.

Особено ја заболело што тоа го прават порталите Курир, Република и Вечер кои Кузеска експлицитно ги наведе како виновници за нејзиниот викенд кошмар.

МАН, Македонската асоцијација на новинари, која постои 23 години, создадена со доаѓањето на СДСМ на власт во 2002 година заради заштита на новинарите со започнатиот терор на таа власт врз нив со индигнација, згрозување и презир ја прими оваа објава од Кузеска и Филипче и нивниот најнов тоталитарен настап со обид сопствената неспособност да подигнат рејтинг на партијата во стечај да бараат виновници – во новинарите.

Ако Курир, Република и Вечер објавуваа се што им треба, е – тогаш СДСМ ќе беше партија со рејтинг, углед и авторитет – смета Кузеска. Тоа е клучно, според неа.

Госпоѓо Кузеска и господине Венко Филипче, тоталитаризмот, контролата на јавното мислење и нарачки до медиумите што и како да објавуваат е ВАШ И САМО ВАШ МОДЕЛ НА ОДНЕСУВАЊЕ ВО ПОЛИТИКАТА.

Ако не објавуваат СДСМ организира митинзи пред редакции на централните телевизии, тепање новинари по улици, физички напади во редакции и тоа токму во Курир и Република, судски прогон на новинари, држење редакции и новинари со години под обвиненија за да се “дисциплинираат“, создавање “невладини“ организации кои праќаат извештаи и рипорти до Фејсбук да се блокираат фан страните и објавите на медиуми кои не ви се под ваша контрола, финансирање од владини пари на подобни “аналитичари“, новинари редакции… САМО ВАШАТА ВЛАСТ И ВАШАТА ПАРТИЈА го правела и денес го прави тоа. Никој друг!

– За време само на последната ваша власт од Зоран Заев затворени се редакциите на весниците Дневник, Вест и Утрински весник.

– За време на таа власт сменети се под принуда главните уредници на националните телевизии Сител, Канал 5 и Телма а ТВ Алфа е под постојан притисок од кривични пријави и контроли на вашите државни институции и, од вашите функционери демонизирана и барано од огласувачите да се повлечат оттаму.

– Вашата власт, и лично и на митинзи, објавуваше телефонски разговори од новинари, плус клевети без основа и ги сатанизираше што е серизоно кривично дело за кое никогаш не одговаравте.

– За време на вашата власт СЈО поднесе обвиненија против уредници и новинари, а над 40 новинари и уредници во посебен предмет на СЈО за “сомнителна промена на сопственост на локалните медиуми“ низ Македонија беа четири години под истрага за да се “дисциплинираат“.

– За време на вашата власт се создадоа “невладини“ центри за контрола и цензура на медиумите и нивните објави, особено преку социјалните мрежи, со вашиот Вистиномер.

– За време на таа власт преку странски фондации за вас работеа новинари и “експерти“ кои добива грантови како Фрчкоски со 350.000 евра од Фонд за Иновации, по 500-600.000 евра како порталот ИРЛ или огромни 1.200.000 евра како Васко Попетревски за порталот и емисијата 360 степени. Тие пари, од страна на американската влада, јавно беа оценети како коруптивни, наменети за промена на претходната власт и одржување на власт на корумпиран режим на СДСМ и ДУИ.

Ова е само дел, не повеќе од третина, на списокот за вашиот, партискиот, однос кон јавноста и новинарите.

Во врска со трите точки на кои Вечер, Република и Курир “не обрнале доволно внимание“ кое вас би ве задоволило.

1. Вашите “бомби“ за наводен криминал при јавни набавки на оваа власт воопшто не се бомби, ниту нешто што вие сте откриле а власта сакала да го сокрие. Не. Тоа се податоци од јавен карактер, објавени и достапни на Бизнис мрежа. Сте прераскажале нешто што е јавно достапно како свое и додале сензационализам. Класичен спин, или манипулација која не заслужува новинарско внимание.

2. Во врска со “инвазијата на мигранти“ е уште полоша манипулација. Немате никаков релевантен доказ освен објава на нечија лична изјава која со ништо не е поткрепена ниту е цитиран некој документ или институција. Со тоа правите кривично дело – свесно вознемирување и паника во јавноста за ваш политички профит. Јасни се причините зошто Обвинителството не отворило предмет за вас.

3. Во врска со физичкиот напад во редакцијата на поткастот Инфомакс цинично е вие, токму вие, да се жалите во нивно име. Вие и вашите судии го осудивте на 6 месеци затвор уредникот на Инфомакс затоа што објавиле делови од сведочење во истрагата за корупцијата на Катица Јанева и СЈО. Вие молчевте кога на Инфомакс вашите политички противници, на дневна основа, брутално беа напаѓани од Љупчо Палевски Палчо и Стефчо Јакимовски. Гледавте профит во тоа.

Госпоѓо Кузеска, бивш новинар во обид кој никогаш не станал уредник ниту подолг период се задржал во некоја редакција, нема да станете уредник на сите медиуми.

Мукла, и марш во ќош!“, МАН, Македонска асоцијација на новинари Скопје

Advertisement

Балкан

Ларви и инсекти пронајдени во пратка со овошје од Србија – Стопиран увозот на 22.34 тони киви на граничниот премин

Увозот на 22 тони киви од Србија вчера беше стопиран откако инспекторите открија присуство на штетни инсекти и ларви во пратката, соопштија надлежните органи за безбедност на храна.


Контролните служби ги блокираа киви плодовите на граничниот премин поради сомневање дека не ги исполнуваат фитосанитарните стандарди. При инспекциски преглед на стоката, стручњаците идентификуваа присуство на ларви и други инсекти, што го нарушува здравствениот и безбедносниот статус на увезеното овошје.


Од надлежните информираа дека ваквиот наод претставува ризик по растителното здравје и потенцијално може да доведе до ширење на штетни агенси во земјата, поради што веднаш биле преземени законски мерки за стопирање на увозот и запечатување на спорната пратка.


Пратката со киви ќе остане под контрола на инспекциски служби додека не се утврди точната природа на загадувачите и додека не бидат преземени соодветни мерки за справување со нив. Дополнително, се најавува засилена инспекциска контрола и на други увозни производи од истиот тип се додека не се обезбеди сигурност за испорака на безбедна и здрава храна на пазарот.


Фитосанитарните инспекции редовно ги проверуваат увезените земјоделски производи со цел да се заштити потрошувачот и да се спречи навлегување на инсекти, болести или штетници што би можеле да му наштетат на домашното производство.

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: ДУИ имаше власт, но немаше политичка волја за еднаквост во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на ДУИ, реагираат од ВЛЕН.


Од коалицијата наведуваат дека албанските универзитети со години биле намерно оставени на маргините, принудувани да протестираат и третирани како секундарно прашање секогаш кога принципот на еднаквост не се совпаѓал со политичките интереси на ДУИ.


„Факт е дека во периодот кога Талат Џафери имаше институционална одговорност, оваа неправда не само што не беше исправена, туку беше оправдувана и нормализирана“, велат од ВЛЕН, оценувајќи дека станува збор за реалност која, според нив, не може да се избрише.
Како клучен пресврт, од коалицијата го посочуваат потпишувањето на колективниот договор на денот на годишнината на Универзитетот во Тетово, како и договорот со Универзитет „Мајка Тереза“, што, според ВЛЕН, означува крај на долгогодишна политика на исклучување.
„Ова е крај на една политика изградена врз одолговлекување, селективност и нееднаквост. ДУИ имаше години, имаше власт и институции, но немаше политичка волја“, се наведува во реакцијата.


Од ВЛЕН додаваат дека неуспешните политики не можат да се рехабилитираат со формални конгреси и декларативни најави, поради што, како што велат, и самите активисти на ДУИ денес со право го поставуваат прашањето – каде се вистинските реформи?

Continue Reading

Македонија

ТРАГИЧНА ВЕСТ: МАЖ И ЖЕНА ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНАА ВО СТРАОТНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА НИШ

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во близина на Ниш, двајца македонски државјани го загубија животот, истрагата за причините е во тек, јавуваат српските медиуми.


Според првичните информации, несреќата се случила на автопатот во околината на Ниш, кога возило со македонски регистарски таблички излетало од коловозот, при што на лице место загинале маж и жена од Македонија.

Прецизни детали за причините за несреќата и состојбата на евентуалните повредени лица се уште се утврдуваат од страна на надлежните служби.
Екипи на итната помош и полицијата го блокираа сообраќајот на местото на настанот заради увид и прибирање докази, а поради сериозноста на несреќата, сообраќајот во тој дел од автопатот времено беше во прекин.


Амбасадата на Северна Македонија во Белград е известена за настанот и обезбедува поддршка за семејствата на загинатите, соопштуваат дипломатски извори.
Несреќите на регионалните сообраќајници, особено во зимскиот период, често се поврзуваат со намалена видливост и непогодни услови на патот, па властите повикуваат на внимателност и прилагодување на брзината на условите на патот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг