Connect with us

Економија

(ВИДЕО) ЗК Пелагонија го отвори првиот „АгроЕкоЦентар за обука за зелени вештини“

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и да развиваат одржливи и иновативни земјоделски практики – создавајќи професионалци со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите.

Првиот проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е реализиран во соработка со Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, кадешто на 02 декември 2025 година беше отворена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини” – технолошка иновација која претставува важен чекор кон воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и можност за континуирана практична обука за идните „Еколошки агротехничари“.

АгроЕкоСтаница за зелени вештини ќе претставува современа платформа во склоп на центарот за обука што ќе овозможи развивање на компетенции за еколошко и рационално управување со земјоделските ресурси преку практична работа со современи дигитални алатки:

– Следење и анализа на состојбата на почвата, растенијата и климатските услови според податоците од сензорите на АгроЕкоСтаницата.

– Пристап до податоци во реално време и применa на еколошки мерки за заштита на културите и обновување на биолошкиот диверзитет кој ќе доведе до контролирана употреба на заштитни средства (пестициди и хербициди), минерални ѓубрива и рационално користење на вода за наводнување.

– Препознавање и превенција на ризици како суша, болести и штетници преку дигитални предупредувања.

– Поддршка за одржливи и ефикасни земјоделски практики.

Oсновната цел на ЗК Пелагонија е да ја доближи најсовремената технологија до локалните земјоделци , ученици, студенти и сите заинтересирани, градејќи заедница која се развива преку знаење, иновации и практична примена.

 оваа иницијатива, Пелагонија продолжува да се позиционира како регион што го следи европскиот пат на модернизација и дигитализација во земјоделството.

Полињата на ЗК Пелагонија стануваат отворена книга – реален простор каде идните агротехничари, студенти и земјоделци ќе учат, иновираат и применуваат зелени вештини во реални услови – пример за одржливо и модерно

Нашиот прв проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е успешно реализиран и сме особено задоволни што пред многу млади ги покажавме придобивките од воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и како се постанува професионалец со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите и животната средина.

Голема благодарност до Стевче Стевановски Градоначалник на Општина НовациДраганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила и Општина Битола – официјална страница за нивното присуство и поддршка за заедничко залагање за реализирање на понатамошни обуки за зелени вештини кои ќе бидат од големо значење за локалните заедници.

Видеото може да го погледнете тука

Advertisement

Економија

Среброто го надмина „Microsoft“ по пазарна вредност

Среброто достигна пазарна капитализација од 3,54 трилиони долари, надминувајќи ја вредноста на американскиот технолошки гигант „Microsoft“, објави компанијата „Companiesmarketcap“, пренесува ТАСС.

Златото останува највредно со пазарна капитализација од 29,92 трилиони долари, додека „Nvidia“ и „Apple“ се на второ и трето место со 4,29 трилиони, односно 4,07 трилиони долари. „Alphabet“, матичната компанија на Google, има капитализација од 3,734 трилиони долари, а „Microsoft“ сега е веднаш зад среброто со 3,53 трилиони долари.

Пазарната вредност на среброто се пресметува според моменталната цена и проценетиот обем на ископано сребро – околу 1.751.000 метрички тони. Значителен дел од ова сребро е изгубен или уништен преку индустриска употреба, велат експертите.

На берзата Comex, цената на фјучерсите за сребро за март 2026 година падна на 63,31 долари за унца, по рекордот од 65,085 долари забележан на 12 декември. Од почетокот на годината, цената на среброто се зголеми за повеќе од двојно, со раст од 115,24 отсто.

Continue Reading

Економија

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна посета на чешкиот оператор на преносниот систем ČEPS, a.s., во Прага, во рамки на интензивната агенда за унапредување на институционалните капацитети и усогласување на македонскиот електроенергетски систем со европските стандарди.

Целта на посетата беше размена на искуства и добри практики, со посебен фокус на напредното оперативно и планско работење на ČEPS во услови на целосно интегриран европски енергетски пазар и строга регулаторна рамка. Во состав на делегацијата учествуваа и претставници на Македонскиот оператор на преносниот систем – МЕПСО, како клучен носител на стабилноста и развојот на националната преносна мрежа. Во рамки на работната посета беше остварена билатерална средба со г-дин Мартин Дурачак, претседател на Бордот на ČEPS.

Во рамки на посетата, делегацијата оствари увид во националниот диспечерски центар на Чешката Република, каде беа разгледани напредни решенија за управување и диспечирање на електроенергетскиот систем, употреба на алатки за работа во реално време, како и процесите на модернизација на контролни центри, SCADA/EMS системи и зајакнување на сајбер-безбедноста на критичната енергетска инфраструктура.

Посебен акцент беше ставен на долгорочното планирање на преносната мрежа, интеграцијата на обновливи извори на енергија и системи за складирање, како и на обезбедувањето флексибилност и стабилност на системот во услови на забрзана енергетска транзиција.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката меѓу МЕПСО и ČEPS, преку размена на експерти, студиски посети, специјализирани обуки и можност за воспоставување подолгорочна рамка за техничка соработка од стратешко значење.

Работната посета во Прага претставува конкретен и значаен исчекор во јакнењето на институционалните и техничките капацитети на македонскиот електроенергетски систем и јасен сигнал за определбата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за системска модернизација, стабилност и целосно приближување кон европските најдобри практики.

Continue Reading

Економија

Независен, кредибилен, клучен: Димитриеска Кочоска за улогата на ДЗР во управувањето со јавните финансии

На јубилејното одбележување на 26 години од постоењето на ДЗР, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска испрати јасна порака: ревизорите се клучниот механизам кој обезбедува рационално и законито трошење на секој денар од даночните обврзници.

Во ера на сериозни фискални предизвици и ограничени ресурси, тежината на одговорното управување со парите на граѓаните станува поголема од кога било. Според министерката, ДЗР веќе не се доживува само како „контролор“, туку како суштински партнер во градењето на силни институции.

„Ревизорските наоди се темелот врз кој ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Тие не се само извештаи, туку патоказ за подобри јавни политики,“ истакна Димитриеска Кочоска.

Најзначајната новина која ја најави министерката е новиот закон за државна ревизија, кој веќе е во својата финална фаза. Ова законско решение ветува: целосна финансиска и оперативна автономија на ДЗР, строги механизми за проверка (повеќе нема да има „заборавени“ препораки – нивното спроведување ќе се следи под лупа) и директно усогласување со барањата на ЕУ и меѓународните ревизорски практики.

Министерството за финансии останува на линијата дека само со силна и капацитетна државна ревизија може да се остварат амбициозните реформски цели. Крајната цел е јасна – целосна транспарентност и систем во кој граѓаните точно ќе знаат како се менаџира нивниот влог во државата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг