Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски ја најави најбогатата „Зимска приказна“ досега во Битола

by
2025/12/19 14:50:45
in Uncategorized

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа прес конференција на која ја најави програмата на „Зимска приказна“. Го пренесуваме интегралниот текст од денешната прес конференција:

„Сакам да ја најавам програмата за дочекот на новата година, овде од центарот на Битола, каде минатата година на ова место се лизгавме, а годинава заеднички празнично како во нашите домови ќе гледаме новогодишни филмови на отворено.
А, за приказната да биде уште повозбудлива, на возот „Мечо“ ќе му се придружи и празничниот автобус, по битолски кажано празничната кружна.
Одбројувањето започна и сме на прагот на новата 2026 година.
Ова е период кога ги славиме празниците, си честитаме, си подаваме рака и уште поважно си посакуваме убави моменти.
Градот блесна во нова предновогодишна светлина, како увертира на сега веќе традиционалната „Зимска приказна“ која ја раскажува секој битолчанец, но и секој друг кој бил гостин за време на нејзиното одржување.
И оваа година ќе имаме програма за уживање на сите генерации и се надеваме дека и оваа „Зимска приказна“ ќе биде прераскажувана по убавите новогодишни моменти во следната година.

Главната сцена е на платото на Офицерскиот дом, но програмата е на повеќе локации, плоштадот „Магнолија“, во Пациото на Завод и музеј, Безистенот, Магазата, Инфо центарот на Пелистер, Киното Манаки, Центарот за култура, Близ молот, Порта Џез, Домот за стари лица „Сју Рајдер“, Ски патеката на Копанки, спортската сала „Боро Чурлевски“, „Бук хаус“ , Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ и секако старата битолска чаршија која во изминатите години се надевам дека успеавме да ја вратиме во нејзиниот сјај, односно празнично да ја оживееме.

И во годинашната програма ги вклучивме и основните училишта од општината, градинките и едукативните центри за странски јазици.
Годинава, бројките ја потврдуваат приказната:

  • над 200 часа програма низ целиот град
  • од нив, околу 35 часа детска програма
  • 67 бендови
  • повеќе од 20 соло изведувачи
  • 5 фолклорни друштва
    -2 градинки и 11 училишта како активен дел од програмата

Ова е најголемиот зимски фестивал во Македонија веќе неколку години.
Ова е декемврискиот ритам на Битола.
Во оваа прилика ќе истакнам дел од настаните од програмата.
Програмата започнува утре со Дедо Мраз со фичото, потоа ќе имаме и германски божикен базар, Гром и Супер хикс, кино на отворено, па зимска техно игранка, изложба, Никола Зац со бендот в недела, Етно Илинден, КУД Илинден, француската алијанса, ансамблите за фолклор Плетенка и Гоце Делчев, куќа имам на Пелистер, од понеделник најдоброто од Битолскиот оркестар Дива, Инструментал бенд, Дрим тим, програма на градинките и училиштата од градот, Игор Димовски-Пауза за ракија, француски божикен настан, концерт на Пијан славеј, новогодишна караоке соба, Верица Ристевска, Огнен Здравковски, Паркети, Код 369 ( памперс), Влатко Лозановски, Бојана Скендеровски, оркестарот Маестрал, празнична штафета, музика, танц и мода, Си-До, битолски тамбураши, Бојан Стојков и Димитар Андоновски, натпревар на легендите на РК Пелистер, многу детски новогодишни претстави, Ареа, Александра Јанева, хуманитарен новогодишен базар, Деспина, Конзули, Модус бенд, новогодишен концерт на музичкото училиште, група Бонтон, Фонтана, Ламбе Алабаковски, а на последниот ден од годината на 31 декември, претпладне детска програма, претстави, Тралала, вечерта Борче Наумовски, Кабаре за раѓањето и вечноста, Баркод бенд и пред и во новата година со групата Нокаут, потоа Уникат бенд, Татјана Стефановска и групата Нектар.

Но, со тоа на завршува Зимската приказна туку продолжува со први на први пелистер, дедо мраз на мотор, во следните денови и Боемите, Деспина, Калабалак и на последниот ден на 5 јануари Дона и пријателите.

Продолжувањето на овој концепт, морам да истакнам дека е резултат на добрата соработка со ЈОУ КИЦ и ЈП Паркинзи, но најмногу сакам да им се заблагодарам на соработката на општествено одговорните компании кои и оваа година се наши верни поддржувачи.

Она на што често повикуваат граѓаните, на вклучување и општествена одговорност на приватни фирми, поддршка на јавни настани во интерес на нашиот град од приватниот сектор, на „Зимска приказна“ реално се случува.

Годинава покрај традиционалната соработка и поддршка од нашите верни партнери – приватни компании, на „Зимска приказна“, имаме комплетна поддршка и во делот на обезбедување на опрема за озвучување и осветлување на настаните на оваа манифестација, која е целосна донација од приватен оператор за сите настани на „Зимска приказна“, што значи за овој посебно важен дел во реализацијата на програмата, како организатори нема да имаме апсолутно никаков трошок.

Имајќи ја предвид ваквата заедничка организација и постапките кои се финализираат, по завршувањето на целата програма, јавно и транспарентно ќе ја објавиме и целата финансиска конструкција на манифестацијата.

На крајот ве поканувам сите заедно да уживаме во новогодишните празници, сплотени под новата новогодишна светлина на Битола. Да се забавауваме со музичката програма, да гледаме филмови и да возиме низ Битола со празничниот автобус. Магијата може да започне“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, а на прес конференцијата за своето учество зборуваа и директорот на ЈОУ КИЦ, Благојче Божиновски и директорот на ЈППЈЛП Паркинзи, Зоран Михајловски.

„Со воспоставената меѓуинституционална соработка со општината, соработката со приватниот сектор, како и соработката со ЈП „Паркинзи“, ЈОУ КИЦ Битола и оваа година е партнер на Општината во реализација на „Зимска приказна”. Како јавна општинска установа, од наша страна комплетно е ставен на располагање просторот на и пред Офицерски дом, целокупната наша техничка и логистичка поддршка и секако воспоставеното партнерство со сите општествено одговорни компании кои и оваа година сакаат да бидат дел од „Зимска приказна”. Како што спомена и градоначалникот, оваа година особено значајна поддршка за сите нас значи и обезбедената поддршка од приватен субјект за озвучување и осветлување на настаните, со голем квалитет и без финансиски оптоварување на нас како организатори.
Ова е начин на соработка преку кој сите заедно, јавниот и приватниот сектор, ги ставаме на располагање расположливите ресурси со кои се овозможува предновогодишно заживување на градот“ рече директорот на КИЦ, Благојче Божиновски.

„ЈП „Паркинзи“ и оваа година е активен учесник во Програмата на „Зимска приказна” со најголемата атракција за најмладите вовчето „Мечо”, кое со нова енергија и добро препознатлив бренд, интензивно, но со големо задоволство, денес ги завршува последните подготовки за да може од утре да стартува со својата добро позната рута на „Зимска приказна”.
Во изминатите две години, се покажа дека „Мечо”, навистина е омилен кај децата и претставува вистинско надополнување на содржинскиот концепт на „Зимска приказна”, а од друга страна овозможува доволно простор за претставување на општествената одговорност, која пак значи наша поддршка, но и поддршка на нашите хуманитарни заложби како претпријатие. Тоа значи дека и оваа година, продолжуваме со соработка со КИЦ, Општина Битола и приватниот сектор во интерес на создавањето креативно – забавни содржини за битолчани“ истакна директорот на „Паркинзи“, Зоран Михајловски.

Next Post

Ристовски за МИА: Не можеме да креираме спортски резулти, но може да создадеме подобри услови за спортистите што создаваат успеси

Апсења на различни локации во Скопје – ова се деталите!

Хорор во Скопје - Маж со прострелна рана пронајден на кејот на Вардар

Препорачани Вести

Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

8 months ago
Приведувањата во истрагата за Кочани и во Куманово и Тетово

Приведувањата во истрагата за Кочани и во Куманово и Тетово

9 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.