Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Од денес се плаќа паркинг во „Дајмонд мол’“

by Уредник
24.12.2025
in Uncategorized
diamond mall

По повеќе од две години институционален застој, подземната гаража на „Дајмонд мол“ конечно влегува во режим на наплата. Новиот состав на Советот на Град Скопје ѝ даде зелено светло на компанијата „Лимак“ да започне со комерцијално управување со паркингот, со што од 1 јануари завршува периодот на практично бесплатно паркирање за посетителите.

Според новиот ценовник, првите два часа ќе чинат по 50 денари, а секој нареден час 60 денари. „Преноќено“ паркирање ќе се наплатува 1.500 денари, иста сума е предвидена и како казна за непрописно паркирање, како и за изгубен или оштетен паркинг-билет.

Од „Дајмонд мол“ информираат дека бесплатно паркирање ќе биде можно само со приложување фискална сметка во износ над 400 денари, и тоа исклучиво од Веро маркетот, Dream zone или автопералната. Во соопштението не се појаснува дали сметки од рестораните и продавниците во трговскиот центар ќе важат за оваа поволност, што веќе отвора простор за реакции кај посетителите.

Одлуката беше донесена на последната седница на Советот, со поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и со гласови од советничката група на СДСМ. Така, по долг период на негласање и политичко калкулирање, „Лимак“ ја доби дозволата што со години ја бараше.

Компанијата и претходно се обидуваше да воведе наплата, па дури и кратко време наплаќаше без дозвола, сè додека градските инспектори не интервенираа. Иако формално постоеше правило за бесплатно паркирање во првите два часа и продолжување со сметка над 400 денари до девет часа, во пракса наплата речиси и немаше, а поставените паркомати останаа нефункционални.

Со новата одлука, овој „сив“ режим завршува. Од јануари, паркирањето во „Дајмонд мол“ станува уште една пресметлива ставка во трошоците на скопјани и на посетителите на еден од најголемите трговски центри во градот.

Next Post
germanija

Германија урива модерна термоелектрана, Кина инвестира во јаглен: Се менува глобалната енергетска рамнотежа

Албанија ја зајакнува одбраната: пристигнаа првите „Џавелин“ противтенковски системи

Препорачани Вести

Лишен од слобода за поседување куршуми без документи

4 months ago

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.