Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Со НЛБ Банка сега можеш сè! Сите банкарски услуги во твојот телефон

by Уредник
24.12.2025
in Uncategorized

НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first“ банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуство преку мобилен телефон.

 Со пораката Што ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна завршница. Сега можеш сè! е слоганот кој ја затвора јубилејната година за НЛБ Банка и јасно кажува дека ветувањето е целосно исполнето.

 Поставувајќи нови стандарди и редефинирајќи го банкарството на македонскиот пазар, НЛБ станува првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство „од почеток до крај“ и во која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.

Сега клиентите, преку мобилниот телефон, можат да отворат и банкарска сметка. По активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.

Преку својот мобилен телефон, клиентите можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност.

 „Со воведувањето на „mobile first”, ја заокружуваме јубилејната година и логично го надградуваме слоганот „Што ако можеш сè?” со неговата финална и најконкретна форма – „Сега можеш сè”. Ова не е само комуникациска порака, туку резултат на континуирана стратешка трансформација насочена кон дигитализација, ефикасност и подобрено корисничко искуство.”– истакнуваат од НЛБ Банка.

 Со оваа трансформација, НЛБ за своите клиенти-физички лица, веќе нуди комплетен спектар на банкарски производи и услуги 100% дигитално, елиминирајќи ја потребата од посета на експозитура.

 „Како прва банка на пазарот што овозможува целосно дигитален пристап до сите клучни банкарски производи и услуги, ја потврдуваме нашата заложба да бидеме банка- иноватор, и да им обезбедиме на клиентите сигурно, едноставно и достапно банкарство, целосно усогласено со современиот начин на живот.” – заклучуваат од Банката.

Next Post

Украина ја презеде одговорноста за нападот во Москва

Уапсен грчки државјанин на Табановце - МВР со детали

Препорачани Вести

Пожар во строгиот центар на Неготино – куќа во пламен

1 month ago
Сите возила на претседателот на Иран запрале во еден момент – причината го изненади светот

Сите возила на претседателот на Иран запрале во еден момент – причината го изненади светот

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.