Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН со план за обединување во единствена партија со ротациско раководство и консензусно одлучување

by Redakcija
2025/12/27 18:05:35
in Македонија, Топ Вести

ВЛЕН со план за обединување во единствена партија со ротациско раководство и консензусно одлучување

Коалицијата ВЛЕН е на чекор до трансформација во единствена политичка партија под името Демократска унија на Албанците ВЛЕН, покажува драфт-план до кој имаше увид ТВ21. Според документот, партијата ќе биде регистрирана како политичка организација во Централниот регистар на Република Северна Македонија, при што се разгледуваат две опции – основање на нов субјект или промена на името на една од постојните партии во рамки на коалицијата.

Политички, ВЛЕН ќе се позиционира во десниот центар, со идеолошка основа врз конзервативни вредности, нагласувајќи ја улогата на нацијата, традиционалното семејство и културното наследство. Во стратешка смисла, партијата ја дефинира својата прозападна ориентација, со јасна поддршка за соработката со САД и Европската Унија, како и за регионалната оска Анкара–Софија–Скопје–Тирана.

Највисок орган на партијата ќе биде Конгресот со 500 членови. Четирите партии основачи ќе имаат по 150 делегати, додека ВВ и Арберија по 50. Конгресот ќе ги избира Претседателството и Генералниот совет. Генералниот совет ќе брои 130 членови со пропорционална застапеност и ќе одлучува за избор на Централното претседателство, пратеничките листи и клучните стратешки прашања. Централното претседателство ќе има 33 членови, а пратениците, министрите, заменик-министрите и градоначалниците ќе членуваат без право на глас.

Клучна новина е моделот на ротација на претседателот. Претседателството ќе го сочинуваат четири функции – претседател, генерален секретар, потпретседател и претседател на Генералниот совет – со четиригодишен мандат, додека претседателот на ВЛЕН ќе се менува секоја година. Редоследот ќе се утврдува со ждрепка, а одлуките ќе се носат исклучиво со консензус. На овој начин, се предвидува целосна рамноправност меѓу субјектите.

Претседателот ќе ја претставува партијата и ќе ги организира состаноците на раководните тела, генералниот секретар ќе биде одговорен за администрацијата, потпретседателот ќе го заменува претседателот, а претседателот на Генералниот совет ќе ја координира работата на советот согласно статутот.

Во организациската структура се планираат повеќе секретаријати, меѓу кои за организација, стратешки политики и меѓународни односи, комуникација со јавноста, департмани како „влада во сенка“, носители на јавни функции, кадровски прашања и финансии. Сите ќе работат преку четиричлени комисии и со консензусно одлучување.

Планот вклучува и формирање на Политичка академија на ВЛЕН, како и Форум на жени и Форум на млади, заедно со локални ограноци и подограноци низ државата.

Мандатот на овој модел е предвиден на четири години, со почетен буџет од 100 илјади евра, обезбедени од четирите конститутивни партии. Централното седиште ќе биде во Скопје, а сите постојни канцеларии ќе бидат ребрендирани под името ВЛЕН. Според планот, постојните партии формално може да опстанат поради државното финансирање, нопо конгресот ниту една нема да дејствува политички самостојно, со можност и за нивно целосно згаснување во иднина.

Извор: ТВ21

Next Post

Вкупен неделен промет над 82 милиони денари, стабилен обврзнички пазар со ограничена активност

СИРИЗА остро реагира: Неприфатлива цензура врз музички настап на македонски јазик во Лерин

Препорачани Вести

Забрзана изградба на автопатот Тетово–Гостивар: Николоски објави ново видео од терен

3 weeks ago
Дневен хороскоп за среда – 11 јуни: Еден хороскопски знак треба да внимава на шефот!

Дневен хороскоп за среда – 11 јуни: Еден хороскопски знак треба да внимава на шефот!

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.