На 26 декември 2025 година, околу 22:10 часот, за време на концерт во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, К.С. (39) од Скопје бил физички нападнат, пријави тој на 27 декември во 00:20 часот во СВР Скопје.
Според пријавата, лицето Д.К. му се заканило со остар предмет, додека друго машко лице употребило боксирач за време на нападот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорните лица.





