Кичево – Културно-уметничкото друштво „Рацин“ вечерва во големата сала на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево го одбележува својот 20-годишен јубилеј со свечен предновогодишен концерт.
Со почеток од 19:00 часот, присутните ќе имаат можност да уживаат во двата дела на друштвото: Школата за народни танци и ора и Школата за народни инструменти. Во изминатите две децении, низ КУД „Рацин“ поминаа бројни генерации, оставајќи трага во секој чекор, секое оро и секоја песна, продолжувајќи ја традицијата на македонската култура.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да бидат дел од ова свечено одбележување и заедно да ја прослават љубовта кон народната музика и танц.
Порта.мк упатува честитки за 20-годишниот јубилеј на КУД „Рацин“.









![[ФОТО] Украинците соборија руски дрон, па открија неочекувана порака](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-13-140131.png)
