Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Началникот на армијата предупредува: Швајцарија е ранлива на масовни воени закани

by Redakcija
27.12.2025
in Свет

Швајцарија во моментов не располага со доволни капацитети за целосна заштита од масовни напади и неопходно е значително зголемување на вложувањата во одбраната, предупреди началникот на вооружените сили, генерал-потполковник Томас Сусли. Тој оценува дека безбедносните ризици во Европа се во пораст, особено поради однесувањето на Русија.

Во интервју за швајцарскиот весник „Ноје Цирихер Цајтунг“, Сусли истакнал дека државата е релативно подготвена за сајбер напади и закани кон критичната инфраструктура, но дека армијата се соочува со сериозен недостиг од соодветна воена опрема.

„Не сме способни да се одбраниме од закани што доаѓаат од далечина, ниту од напади од големи размери врз нашата територија. Во услови на вистинска вонредна состојба, само околу една третина од војниците би биле целосно опремени“, изјави Сусли, кој ја напушта функцијата на крајот од годинава.

Со цел надминување на овие слабости, Швајцарија започна процес на зголемување на одбранбениот буџет, модернизација на артилеријата и замена на старите борбени авиони со нови ловци „Ф-35А“ од американскиот производител „Локид Мартин“. И покрај тоа, овие мерки се соочуваат со критики, главно поради дополнителниот притисок врз државните финансии.

Next Post

Рекордна награда за лојалност: милиони долари бонуси за вработените во „Фибребонд“

Продолжувањето на рокот за продажба на НИС ја одложува сигурноста на српската енергетика

Препорачани Вести

Угина јагуарката Инес во ЗОО Скопје

Угина јагуарката Инес во ЗОО Скопје

10 months ago

Во хрватска банка: Две жени краделе пари од клиентите 20 години

6 days ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.