Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

by Redakcija
27.12.2025
in Црна Хроника

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопската населба Кисела Вода, при што млада девојка била прегазена од такси возило управувано од возач кој, според сведоци, бил во видно алкохолизирана состојба.

Според информации од очевидци, таксистот ја изгубил контролата над возилото и удрил во девојката на тротоар, по што не застанал туку продолжил да вози. Неколку стотини метри подоцна, пред пиљарата „Шампионче“, удрил во паркирано комбе, а потоа продолжил и запрел пред градинката „Весели Цветови – Мимоза“, со сериозно оштетено возило и истечени течности од моторот.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Повредената девојка, со помош на присутните граѓани, била пренесена во возило на Брза помош и однесена на лекување.

Полицијата извршила увид, а таксистот е задржан. Повеќе информации за состојбата на повредената и за околностите под кои се случила несреќата се очекуваат по официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Извор: 24info.mk

Next Post

Тешка сообраќајка вечерва кај Шампионче во Кисела Вода, девојче со повреди итно пренесено во болница

Со инвестиција од 46,6 милиони денари се обновува стадионот „Петар Милошевски“

Препорачани Вести

Полициска акција во Скопје – Уапсени повеќе лица

8 months ago

Мицкоски: Ново зголемување на платите во здравството и образованието

2 weeks ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.